ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови 89 заразени, Лукаревска позитивна, а дел од функционерите одат во изолација
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Денеска во земјава се регистрирани нови 89 позитивни случаи на коронавирусот, пренесуваат медиумите.
Од Институтот за јавно здравје за МИА изјавиле дека во изминатото деноноќие починале седум лица инфицирани со ковид-19.
На фејсбук информациите ги потврди и министерот за здравство, Венко Филипче. Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.
Во Скопје се регистрирани 35 случаи, Куманово 12, Штип 27, Прилеп 1, Тетово 7, Гостивар 1, Струмица 1, Кочани 4 и Свети Николе 1.ЛУКАРЕВСКА ПОЗИТИВНА, СПАСОВСКИ НЕГАТИВЕН
Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи е позитивна на коронавирусот. Веста ја објави на фејсбук.
Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми е во самоизолација, поради тоа што бил во контакт со пратеникот од СДСМ, Мухамет Зекири.
„Би сакал да ве информирам дека деновиве имав средба со г.Мухамет Зекири пред да излезе позитивен на тестирањето на Ковид 19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции“, напиша Муареми на неговиот Фејсбук профил.МОЖНО Е ДА СЕ ВРАТАТ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ
Се прават анкети на членови на СДСМ, се бараат нивните контакти, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Се прават анкети, анализи, тестови, и вели дека работите не се излезени од контрола.
Одлуки за евентуални рестриктивни мерки би имало до крајот на оваа недела, и тоа за дел од скопските општини и дел од Штип, каде има голем број заразени.
„Во следните неколку дена треба да дискутираме за ова, а при тоа да ги следиме бројките, и сметам дека не треба да носиме избрзани одлуки“; вели Филипче за отворање на границите.
Тој за отворање на границите зборувал со бугарскиот колега, но рече дека не е коректно и за соседите да брзаме.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.