КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

Објавено во: Македонија 14 Март, 2025 07:20
Прво го стопираа ветингот во судството, па ја разводнеа реформата, а сега се спротиставуваат на било каква промена.
Кому во ЕУ не му одговара мрднување од мртвата точка на корумпираното судство во Македонија.
Можеби на оние кои извезуваат отпад од ЕУ државите во Македонија без почитување на стандардите? Или тие кои отвораат коцкарници? Или можеби на оние кои ги купуваат стратешките претпријатија? Или на оние кои и го пазат грбот на Бугарија во менувањето на историјата и непочитување на одлуките на судот во Стразбург.
2023 - “Судскиот совет треба да се заложи за заштита на интегритетот и на независноста на судиите и на институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет предизвика загриженост за несоодветно политичко влијание. Доцни донесувањето на новата стратегија за реформи во правосудството, чија цел е подобрување на работата на институциите. “
2022 - “ да заврши со спроведувањето на стратегијата за реформа на правосудниот систем и ажурираниот акциски план, со посебен фокус на донесувањето нов закон за граѓанска постапка, во согласност со европските стандарди и на подготовката на новата стратегија за реформа на правосудниот систем (за 2023 – 2027 година) без одлагање;“
2021 - “Сè уште се потребни напори за да се обезбеди систематско спроведување на ажурираниот акциски план за стратегијата за реформи во судството и стратегиите за човечки ресурси во судството и обвинителството“
Ако се почитувале правилата, процедурите и критериумите дадени во Законот Весна Дамева не смеела да биде избрана за член на Судскиот совет (https://pep.scoop.mk/.../%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0.../). Некој со партиски притисок ја назначил на место на кое не требало да биде. Нејзината смена треба да пушти порака дека треба да се почитуваат правилата, процедурите и критериумите, а не едно рушење на системот да се замени со друго рушење на системот.
Институциите вредат толку колку што вредат луѓето кои се во нив.
Овие луѓе не вредат и не ги исполнуваат критериумите согласно Законот за судски совет (дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија
со положен правосуден испит и кое во вршењето на правната професија се истакнало со научна или професионална работа или со свое јавно делување). И срамота е бре луѓе Тања Чачарова Илиевска, Миљазим Мустафа, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева да бидат членови на судскиот совет.
Не е прашање дали да бидат разрешени од функцијата на која никако не требало да се најдат и на која очигледно дошле единствено заради партиски заслуги, туку прашање е според кои правила, процедури и критериуми би биле избрани новите членови. Тоа е нешто што треба да не интересира и на што треба да се инсистира“, вели професорката.
Можеби ќе ве интересира
БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци
Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија

„КОЈ САМО ЈА ДАДЕ ТАА ИДЕЈА ВЛАДАТА ДА ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ СУДСТВОТО“? Професорот Калајџиев со реакција

ПРАШАЊЕ КОЕ ГО „КОПКА“ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Што му порача Путин на Трамп?
