ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од утре се воведува полициски час, денес регистрирани 872 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Март, 2021
ОД УТРЕ СЕ ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Владата донесе одлука за полициски час, ќе трае 12 дена, а ќе се спроведува во тајмингот од 22 часот до 5 часот наутро.
Карантинот почнува од утре вечер и ќе трае до 22 март.
Ова го потврди премиерот Зоран Заев.
„Во следните 12 дена очекуваме тоа да влијае на намалување на бројките“, рече Заев.РЕГИСТРИРАНИ 872 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе - 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани се 412 оздравени пациенти од:
Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – по 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 4, Дебар и Кичево – по 3, Ресен, Виница и Кратово – по 2, и Неготино, Крушево и Богданци – по 1.
Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се по 9 пациенти од Скопје (66г,69г,78г,87г,75г,80г,75г,70г,73г), 4 пациенти од Прилеп(67г,86г,89г,45г), 2 пациенти од Гевгелија(73г,73г) и по 1 пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.КАРАКАЧАНОВ ПОВТОРНО ПРОВОЦИРА
Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласи со реакција откако вчера вицепремиеорт на Бугарија, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 Март со географска карта од „Санстефанска Бугарија“ во која е опфатена и територијата на денешна Македонија.
„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи.
Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки.“, се вели во реакцијата на шефот на државата.Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Никола Димитров му одговорија на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.
Заев објавата на Каракачанов ја нарече „пенал“.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.