25 Ноември, 2024
0.0352

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одекнаа нови „бомби“, а короната се појави кај веќе оздравени пациенти

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕСКА ОБЈАВЕНИ НОВИ „БОМБИ“

Нова „бомба“ е објавена денеска на Јутјуб. Споделена е на каналот „Zoki istina“, а во неа се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, лидер на СДСМ кој зборувајќи со непознат вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја ... на сите.

Во „бомбата“ Заев тврди дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто… 

За владиката Наум, Заев вели дека бил со сите бои измачкан, дека бил близок „со Хари, Мари“ и додава: „Не знам дали повеќе поминува време со Мијалков или со мене“.

Зоран Заев: Шарена револуција 4.8%

XX:Која шарена револуција, тие не се партија бе. Да се формираат како партија тие …

Зоран Заев: Не може да се формираат јас го регистрирав тоа, кај ќе се формираат

XX:Како ти го регистрира,

Зоран Заев: Па го регистрирав, шарена коалицијата ќе биде кога ќе излеземе

XX:Шарена коалиција а?

Зоран Заев: Се ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све

XX:И после ќе ги пуштиш низ вода

Зоран Заев: После мамето ќе им го ебам, сите што ќе влезат кај мене во коалиција

За владиката Наум Заев вели дека бил со сите бои мачкан, незнам дали повеќе поминува време со Мијалков или со мене.

Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали, објаснува претседателот на СДСМ, Зоран Заев за „бомбите“ кои одекнаа денес. 

Тој тврди дека употребил несоодветни зборови во овие аудио разговори. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска не се јавил во полициската станица во „Беко“ во Скопје на информативен разговор, а наместо тоа, отишол неговиот адвокат. 

12 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Во последното деноноќое починаа 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, информира Министерството за здравство. 

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56, 69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62 годишна возраст. Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес, информира Министерството.
Истовремено, оттаму соопштиваат дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира  оздравени 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.

Надлежните од кумановската општа болница денеска потврдија дека двајца нивни вработени, повторно се заразени од вирусот. 

НАСЕР ЗИБЕРИ САКА ПРОМЕНА НА ХИМНАТА И АЛБАНСКИ ОД ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

На видеобим, денеска пред Владата беа испишани на албански и на македонски јазик битните програмски определби на владата на ДУИ. Зибери ја изложи програмата само на албански јазик во присуство на 10 министри.

Мултиетничка химна, задолжително учење албански јазик, ветинг за сите, флексибилно работно време, фонд за млади и иновации, се само некои од приоритетите на владината програма на ДУИ која на отворено пред владата ги изложи кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Истражувајќи македонски успешни приказни наидовме на една поинаква, уникатна, воодушевувачка - приказната за Теохаров аудио.

Станува збор за единствената македонска фирма за производство на High End аудио опрема.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ се сместени 20 пациенти кои болнички се третираат од Ковид-19, а има и 3 дечиња за кои се уште се чекаат резултати, изјави директорот на Институтот, д-р. Ангелчо Андоновски, кој заедно со министерот за здравство, Венко Филипче направија увид во актуелната состојба во оваа болничка установа.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел