ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oдиме на избори, ќе гласаме на 15 јули
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Јуни, 2020
ДОГОВОРЕН Е ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ
Избори ќе има на 15 јули. Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој нагласи дека овој датум е прифатлив и за ВМРО-ДПМНЕ, за што разговарал веќе и со лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
„Свесни сме дека се наоѓаме во комлициран момент, мора да направиме важни чекори. СДСМ е носител на одговорна власт, треба да направиме се да обезбедиме институции со полн капацитет. Ни треба активно Собрание и функционална политичка Влада. Треба да заврши оваа игра на нерви во која страдаат и граѓаните. СДСМ и овој пат ја покажува својата големина, за да не страда народот, го заклучуваме 15 јули, како конечен и единствен датум за избори. Разговарав со Мицковски и тој ми потврди дека ќе учествува на избори на 15 јули. Среда ќе биде неработен ден за сите граѓани. Ова е за да ја спасиме државата. Понеделник и вторник ќе гласдаат болни и изнемоштени, како и позитивни на корона, оние во самоизолација и хронично болни“, рече на пресконференцијата Зоран Заев.
Тој рече дека праќа порака до Мицковски, одговорноста, вели, пред народот е голема. Никој политичар не смее да си игра со својот народ. Ова е за спас на државата.КАКО ЌЕ ГЛАСАМЕ?
Медицински лица ќе асистираат при гласањето на заразените од вирусот, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Вели дека заштитната опрема го сведува ризикот од зараза на минимум.„И за тоа има протоколи во однос на користењето маски и заштитни ракавици. Тоа е процес којшто е безбеден и ако има потреба тоа да биде во домашни услови ќе стоиме на располагање да дадеме дел од медицинскиот кадар од локалните центри за јавно здравје со цел тие протоколи добро да се спроведат и да не се доведе било кој учесник во избирачкиот процес во ризик. Во таа смисла и трансмисијата преку предметите како пенкала, хартија, со редовна дезинфекција апсолутно се сведува ризикот од пренос на болеста на минум“, рече Филипче.
ЈАВНО ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ЛИЦАТА КОИ ТРЕБА ДА ОДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА
Има луѓе кои даваат погрешни адреси, погрешни телефони, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој изјави дека имаат проблем да ги поделат решенијата за самоизолација.
Рече дека една од опциите е јавно да се објават имињата на лицата кои треба да бдиат во самоизолација, затоа што одбиваат да соработуваат. Во последнoто деноноќие од вкупниот број тестирани случаи, односно од 841 тестирање има 103 потврдени случи на коронавирусот.СЕ ПРОМОВИРА ДОМАШЕН ТУРИЗАМ СО ФОТОГРАФИЈА ОД ГЕРМАНИЈА
Сменета е спорната фотографија која е употребена на платформата „Дома си е дома“, соопшти Министерството за економија.
Оттаму велат дека фотографијата која и претходно постоеше, била преземена со сите авторски права.
„Во врска со фотографијата која е употребена на платформата “Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи, сакаме да ве известиме дека фотографијата е преземена со сите авторски права.
Во исто време Ве информираме дека Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени со нова фотографија од домашна туристичка дестинација.
Како Министерство за економија низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот го ставаме на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија.ТУРИСТИ ВРАТЕНИ ОД ГРЧКАТA ГРАНИЦА
Бројни реакции има на социјалните мрежи откако денеска туристи не можеа да влезат во Грција, и мораа да се вратат назад.
Според пишувањата на српските туристи „заглавени“ на граница, има група од 40 лиѓе со деца кои чекаат и не знаат зошто не можат да заминат во Грција.
„Што се однесува до мене, 1.600 километри, џабе. Збогум Грција засекогаш“, пиуваат граѓани на БиХ кои се вратени од граница.
Туристите се револтирани затоа што не биле известени, а досега нема ниту извинување.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.