ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пламнаа пожари во светиниколско, изгореа куќи, а во кумановско Кокошиње настрада маж
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2024
СТРАШНИ ПОЖАРИ ВО СВЕТИНИКОЛСКО, ЖРТВА ВО КУМАНОВСКО
Голем пожар попладнево изби во светиниколското село Немањици.
Надлежните вршат евакуација на граѓаните, а според информациите од Центарот за управување со кризи(ЦУК), тие не сакале да ги напуштат куќите. На терен е и полицијата. Во 12 села има пожари. Во кумановско почина човек од Кокошиње откако се задушил од чад.
РЕАКЦИИ ЗА БАРАЊЕТО ЗА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА
Бурни реакции има по барањето на Вреди за основање на Албанска академија на науките.
Од Македонската академија на науките и уметностите(МАНУ) излегоа сo официјален став за формирањето на Албанската академија. Велат дека Академијата отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа.
Додаваат дека од нејзиното основање до денес, во МАНУ членови биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници.ПАРНОТО ПОЕВТИНУВА
Парното кое го плаќаат Скопјани за загревање на нивните домови од први август ќе биде поевтино. Сепак, дали цената на парно греењето ќе се намали значајно, или сосема малку, зависи од државата, поточно од тоа дали ќе продолжи државното субвенционирање или не.
- Доколку продолжат субвенциите, за околу 60.000 корисници, намалувањето ќе биде 17 отсто, а доколку прекине субвенционирањето тогаш граѓаните ќе плаќаат за 3,16 отсто пониски сметки за парно.
Пониски сметки ќе има и за корисници на топлинска енергија на топланата Скопје Север и за корисниците на ЕСМ Енергетика - соопшти претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.ПОДНЕСЕНА Е КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БЕКТЕШИ
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши добил кривична пријава од полицијата од СВР Охрид поради „попречување на правдата“.
Настанот како што објави телевизија „Телма“ е пријавен во билтенот на СВР Охрид на 25 овој месец, иако се случил на 7 мај годинава, но во него не е посочено дека пријавата е наменета за владин функцинер.
Имено во билтенот на МВР во кој се нотираат покарактеристични кривични дела и се објавува секој ден, за 25.07.2024, некаде на 20-тата позиција во документот е посочено дека 39-годишен кичевчанец е осомничен за дело “попречување на правдата”, извршено ден пред парламентарните избори.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.