ФАКТОР НА ДЕНОТ: По кинеската Нова година можеме да ги очекуваме вакцините, денес има 367 заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Февруари, 2021
ПО 18 ФЕВРУАРИ ТРЕБА ДА СТИГНАТ КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ
Да помине кинеската Нова година на 18 февруари и ќе тргнат вакцините, вели премиерот Зоран Заев.
Вели дека 200-те илјади вакцини од кинексата „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година.
„До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава. За вакцините од „Фајзер“ кои требаше да ги добиеме од пријателска Србија, најпрво проблем се појави бидејќи производителот не дозволуваше да се препродаваат. Потоа договоривме да ни ја дадат како донација, вредноста е некаде околу 60.000 евра, ние после ќе се раздолжевме некако, но и тоа не беше дозволено. Работиме да се реши овој проблем, вратиме кај производителот сите, јас, премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ. Во прашање се денови или часови за да ја добиеме дозволата“, изјави Заев
Тој објасни дека Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари.ДЕНЕС ИМА 367 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово - по 14, Гостивар и Неготино - по 12, Штип и Гевгелија - по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по - 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.
Регистрирани се 202 оздравени пациенти од:
Скопје – 105, Куманово - 18, Кавадарци – 14, Тетово – 11, Штип – 8, Неготино – 7, Гевгелија -6, Велес и Кочани - по 5, Гостивар, Крива Паланка и Демир Капија - по 4, Струмица и Ресен - по 3, Кичево и Демир Хисар - по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се двајца пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови.АПЕЛАЦИЈА ГИ НАМАЛИ КАЗНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ
Апелација ги намали за една до две години затворските казни на осудените за „27 април“.
Aпелациониот суд ја потврди и ослободителната пресуда за оперскиот пејач Игор Дурловски и покрај тоа што обвинителството се жалеше. Преиначена е пресудата на Митко Чавков кој наместо првичните 18 ќе одлежи 16 години в затвор. Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години, а првостепено беа осудени на по 15 години.
На по 13 години затвор се осудуваат и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски на кои првостепените казни им биле по 15 години освен на Михајловски 14.БЕСА АДЕМИ ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВРХОВНИОТ СУД
Беса Адеми, судијка во Врховен суд со 12 гласа „за“ и 1 „против“ од мнозинството судии во Судскиот совет е избрана за претседателка на судот. Ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос 4:1.
Седницата е се уште во тек и секој од членовите образложува зошто својот глас го дал за Адеми. Единствен кој беше против нејзиниот избор е членот Мирсад Сурои.ПОВЕЌЕ ОД 9.000 МАКЕДОНЦИ ЛАНИ ЗЕМАЛЕ БУГАРСКИ ПАСОШ
Повеќе од 9.000 Македонци лани земале бугарски пасоши.
Дури половина од новостекнатите бугарски државјани во 2020-та, биле Македонци. Според бугарската агенција „Монитор“, лани се издадени 18.226 нови државјанства, од кои 9.098 се одобрени на граѓани од Македонија.
Интересот за бугарски пасош според агенцијата „Монитор“, доминирал и во последните пет години.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.