29 Септември, 2024
0.0279

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По реакциите, Заев кажа дека предлогот администрацијата да работи 4 часа во петок е на ДУИ

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ ВЕЛИ ПРЕДЛОГОТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е НА ДУИ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека идејата за четиричасовно работно време на администрацијата во петок дошка од група граѓани, која потоа била преточена во програма на нивниот коалиционен партнер, најверојатно ДУИ, иако не го спомена конкретно. Тој лично смета дека тоа не е добра идеја. Нагласува дека Владата деновиве го видела и слушнала видното незадоволство од граѓаните од овој предлог, и како што вели, предлогот е на ЕНЕР, токму за да се слушнат ставовите на граѓаните. 

„Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктиувност на населението, и за севкупната ефикасност и продуктивност на администрацијата. Јас јавно зборувам за овие прашања. Прво, како народ треба повеќе да работиме, а не помалку. Но, како ветување предизборно на политичклите партиципиенти во власта, тој нацрт закон сега е ставен на ЕНЕР, и допрва се отворта дискусија за ова прашање, и јас верувам дека граѓаните ќе си го кажат тоа што е реалноста во државата. А реаслноста е, прво, ако сакаме сите тука швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе од таа што денеска го правиме, и тоа сите, јас тоа го кажувам почнувајќи од себе, па секако, за сите работници, и во приватниот и во јавниот сектор“, рече Заев.

Вториот дел, според премиерот, е дека ефикасноста на јавната администрација е сриозен фокус на Владата. 

И НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЌЕ СЕ АНГАЖИРА ЗА ИЗВИДНИЧКИОТ СЕКС КАМП

И Народниот правобранител ќе го истражува случајот со извидничкиот секс-камп за малолетници, кој предизвика бура реакции. 

Народниот правобранител без да добие претставка, на своја иницијатива веќе отворил предмет за настанот.

„Факт е дека се работи за ученици, за деца коишто согласно конвенцијата за правата на детето и согласно законската регулатива треба да бидат заштитени од било каква злоупотреба особено кога се работи за деца на чувствителна возраст и за коишто треба особено внимание што сепак го отвара прашањето за вклучување на други органи во конкретниот случај заради обезбедување на соодветна поддршка за надминување на евентуалните трауми“, вели во изјава за „Телма“ Вваска Бајрамовска-Мустафа, заменик на Народниот правобранител.

ДЕНЕС ИМА НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Денес се регистрирани 412 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 191.820

Оздравени се 395 пациенти –  пријавени се 12 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1 .

• Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп -21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2, Охрид,Крива Паланка и Виница – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци ( 85г),Крива Паланка ( 67г) и Тетово (64г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

ГРУБИ БАРА ИСТРАГА ЗА ПУКАЊЕТО ВО ЧАИР

Првиот вицепремиер Артан Груби го осуди пикањето од огнено оружје на отварањето на изборниот штаб на ДУИ во Чаир на 27 септември. Инцидентот се случи во моментот кога говор држеше пратеникот Изет Меџити, а на настанот присуствуваа и Груби, како и заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и други кандидати од листата на советници на ДУИ.

OШТЕТЕНИ БИСТИ НА ПИСАТЕЛИ ВО СТРУГА

Во Струга ноќеска непознати сторители ги осквернавиле спомен бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски. 

Бистата на Поповски е фрлена во водите на Охридското Езеро, додека, онаа на Јаневски е оштетена и свртена наопаку на постаментот.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувааботи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонската јавност неколку дена по ред не се смирува по скандалот со организирање на кампот во Зелениково од страна на Првиот скопски извиднички одред, на тема „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

Во услови кога дневно од корона „си заминуваат“ повеќе од десет лица Берзата одлучи да го укине бесплатниот пристап за следење на тргување во реално време (длабочина на куповни и продажни налози) со образложение во кое пишува (цитираме): Одборот на директори на Берзата одлучи од 01.10.2021 година да започнат да се применуваат комерцијалните услови за користење на овој продукт согласно важечкиот Тарифник на Берзата, освен доколку не дојде до нарушување на тековната епидемиолошка состојба (донесено на 29 јуни 2021 година)

Една од 100-те најпрофитабилни македонски компании ЕРИ Корпорација е купена од британската Volution Group plc за непозната сума на пари, а новиот сопственик го превзема битолскиот произведувач на опрема за климатизација од браќата  Пецо, Борче и Зоран Талевски, како и од Митко Кокиноски.

Комерцијална банка минатата недела и официјално стана сопственик на зградата на поранешна Поштенска банка. Банката планира зградата веднаш да ја даде на продажба, штом за неа ќе добие чист имотен лист.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“