ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Александар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 21:52
УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Aлександар Карадаковски е шеесеттата жртва на пожарот во Кочани, кој се случи на 16-ти март.
Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Карадаковски кој се лекуваше во Литванија.
Како што кажа министерот за здравство, Арбен Таравари, тој е испратен на лекување на 17 март, вториот ден по трагедијата во Кочани, а првично бил примен во Градската болница во Скопје. На 16 март во Кочани во пожарот во дискотеката загинаа 59 луѓе.КЕШИШЕВ НЕ ЗНАЕЛ ЗА КОЈА ЦЕЛ СЕ ВРШИ КИДНАПИРАЊЕТО
Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. Одговарајќи на прашања на бранителите на останатите обвинети, Кешишев даде детали за движењето на обвинетите на денот на убиството на Панче Жежовски и посочи дека прв пат за таткото на Вања разбрал кога го довеле во притвор.
Кешишев исто така одговори на прашања за разговорите што се воделе во штабот на партијата пред грабнувањата, изјавувајќи дека знаел првиот пат кога ја ископале дупката, дека ќе биде наменета за киднапирање луѓе.
- После тоа не разговаравме, колку што се сеќавам, сѐ додека не се случи тоа со Панче во Велес, рече Кешишев.НЕЗАВИСЕН СОВЕТНИК ВЕЛИ ДЕКА КОЧАНИ Е ПУШТЕНО НИЗ ВОДА
Кочанскиот независен советник, Венко Крстевски вели дека неговиот град е „пуштен низ вода“.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
„НЕ ЧУСТВУВААТ НИТУ ВИНА, НИТУ ПОКАЈАНИЕ“: таткото на Вања пред судиите негира поврзаност со киднаперите

Началничка за обезбедување странски делегации незаконски си доделила бонус плата

„ЗА ОВА НЕ СМЕЕ НИКОЈ ДА ЗНАЕ, МОЖЕ И ГЛАВИ ДА ЛЕТААТ“: Кешишов во судот истакна дека не знаел каков бил планот

„ПРАШАЊЕТО Е, КОЛКАВ ИМОТ ИМА ПАРТИЈАТА СЕГА“ - Никола Петров од Левица вели дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии според квадратура на имот во Европа

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ДОКТОРИТЕ - се зголемува капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија за 33 отсто, за стоматологијата за 23 проценти

НАД 500 КАЗНИ ЗА НЕПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА, 250 ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА - МВР викендов казни дури 2.553 учесници во сообраќајот

Уапсен тинејџер кој со „голф“ усмртил малолетничка во скопско
(ФОТО) Заев гласаше за Филипче за претседател на СДСМ
