НАД 500 КАЗНИ ЗА НЕПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА, 250 ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА - МВР викендов казни дури 2.553 учесници во сообраќајот

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 11:48
Зачестените контроли не се пречка за несовесните возачи. И овој викенд контролите кои ги спроведоа екипите на Министерството за внатрешни работи, открија бројни прекршители на сообраќајните правила.
- Во петокот и во деновите од минатиот викенд (05.04 и 06.04) како резултат на активностите, односно сообраќајните контроли спроведени од полициски службеници на патиштата низ земјава, беа издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Притоа, заради непрописно паркирање беа изречени 545 прекршочни платни налози, и речиси исто толку, односно 543 прекршоци по основ на неприлагодена брзина на движење согласно пропишаната.
Исто така евидентирани се и 150 прекршоци поради користење мобилен телефон при возење, 340 платни налози за некористење сигурносен појас како и 20 прекршоци по основ на неносење заштитен кацига при возење мотоцикл. Во посочениот период дури 252 учесници во сообраќајот се затекнати без возачка дозвола, 104 лица управувале под дејство на алкохол, седум минале на црвено светло, а санкционирани се и 12 пешаци - се посочува во извештајот на МВР.
Инаку според Законот за возила од сообраќај вкупно биле отстранети 81 возило, од кои 28 заради техничка неисправност, а 58 затоа што не биле регистрирани.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта - се истакнува во соопштението на МВР.
Можеби ќе ве интересира
„ЕНЕ ЈА ТРЕСКА ШО И ФАЛИ“: Ина Многуфина распали за потрошувачката кошница 'манго и папаја е нормално за Влада бидејќи расте кај Валандово'

„ТОА ТРЕБА ДА ГО ПРАШАТЕ ТАРАВАРИ“: Меџити пред средбата на лидерите на партиите дел од коалицијата „Вреди“ - Таравари вели нема поделби

„ГО ВОЗНЕМИРУВАМ ЧОВЕКОТ КОЈ СМЕТАМ ДЕКА Е НЕПРАВЕДНО ОСУДЕН“ - еве што порача Палевски од судницата
„НЕ МОЖЕ ДА ДОДРЖИ ОБВИНЕНИЕТО КОН АЛЕКСАНДАР“: Туфегџиќ по денешното судење укажа дека имало 'понижувачки однос' кон таткото на Вања

„Советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот“: Крстевски - единствен кандидат за градоначалник на Кочани

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

ТРИ ЛИЦА КОИ СЕ ЛЕКУВАА ВО БУГАРИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: во тамошните болници има уште пет повредени во пожарот во Кочани

„НЕ ВИДОВ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ВАЊА“: Александар со детали за потрагата и за имотот кој требало да им го препише на девојчињата

Затворена спортска сала во Струга поради небезбедност
