29 Септември, 2024
0.0282

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Работник кој инаку е повратник од Германија го пофали минималецот од 18.000 денари и предизвика бура реакции

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

РАБОТНИК ГО ПОФАЛИ МИНИМАЛЕЦОТ ОД 18.000 ДЕНАРИ

Бурни реакции во јавноста предизвика изјавата на еден работник, повратник од Германија, кој при посетата на премиерот Димитар Ковачевски на неговата фабрика, кажа доста пофални зборови за зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари. 

Односно, најголемата „бура“ во јавноста се крена околу изјавата на овој работник дека ниту Германија не е повеќе тоа што била, а дека нему можеби ќе му биде подобро тука со 18 илјади денари, отколку во туѓина со повеќе пари.

Инаку, станува збор за Полику Авдиу, кој 18 години живеел во Германија, по што се вратил и тука го нашол своето работнмо место. 

ДЕНЕС НАД 1.500 ИНФИЦИРАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.153 тестови, а регистрирани се 1.554 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 825, Тетово – 82, Куманово – 70, Кавадарци – 62, Битола – 59, Велес – 51, Прилеп – 49, Гостивар – 44, Струмица – 33, Охрид и Гевгелија – по 32, Неготино – 30, Кочани – 21, Штип и Кичево – по 20, Струга – 16, Свети Николе – 15, Ресен – 12, Берово и Валандово – по 10, Радовиш – 9, Крива Паланка и Делчево – по 8, Виница – 7, Кратово – 6, Богданци и Демир капија – по 5, Дебар – 4, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.554), регистрирани се 216 реинфекции.

ТИГРИТЕ ОД НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН СПАСИЈА ЧОВЕК ВО ГАЛИЧНИК И ГО ОДНЕСОА ВО БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ

Дедо Павле од селото Галичник е спасен и префлен во болница откако специјалната единица Тигар со хелихоптер успеа да го извлече од непристапниот терен. Денеска МВР извести дека повикот бил упатен до Центарот за управување со кризи. СЕ барало помош за дедо Павле кој е изнемоштен лице. Спасувачката мисија завршила за кратко време.

„Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ Тигар заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска (09.02.2022) во периодот од 07.00 до 10.00 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот на САЕ„Тигар“ беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер, стои во известувањето.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Додека компаниите бараат измени на законските решенија со кои од стартот на годинава недела е прогласена за неработен ден, а со кои би им се дозволило самостојно да одлучуваат дали ќе работат во недела или не, трудовите инспектори продолжуваат со контролите во неделите, за да видат кои газди ги кршат законите и соодветно да ги санкционираат.

Конзорциумот Бехтел и Енека на улица Максим Горки во Центар отвора претставништво пред почетокот на преговорите за изградба на коридорите 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола), на кои треба да се утврди и сумата која државата треба да му ја плати на контракторот.

Минималната плата се зголеми на 18.000 денари, но од Teкстилниот кластер велат дека  продуктивноста засега не може да се зголеми.

На социјалните мрежи се шират пораки со кои на граѓаните им се соопштува дека за нив во Пошта има стасано пратка. По тоа од корисниците се бара да го платат износот па да ја подигнат пратката. Досега многумина веќе наседнале, а за случаите е известена и полицијата. Од АД „Пошта на Северна Македонија“ велат дека тие известувања на социјалните мрежи се дезинформации и дека не ги испраќала компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“