29 Септември, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Радев бара гаранции, а Груби вели дека за шест дена можат да го решат спорот

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

РУМЕН РАДЕВ БАРА ГАРАНЦИИ

Бугарија ќе ја отвори вратата на Maкедонија само со гаранции и заштита на нашиот национален интерес, порача бугарскиот претседател Румен Радев. 

„Доколку успееме да дојдеме до таква одлука, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и навреме и како резултат на тоа е целосно во рацете на земјата кандидат“, додаде Радев.

Радев изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за да разговара за односот на Бугарија кон Македонија и да бара консензус со сите политички партии во бугарскиот парламент. Радев додаде дека за ова прашање разговарале и со новиот премиер Кирил Петков.

ГРУБИ ВЕЛИ ДЕКА ЗА ШЕСТ ДЕНА МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ СПОРОТ

Според вицепремиерот Артан Груби со Бугарија за шест дена можеме да го решиме проблемот и да почнеме преговори. 

Тој не е разочаран што Македонија не доби датум. 

„Бугарија 8 месеци немаше политичка влада. Ги подгревавме очекувањата, и сметам дека немаме потфрлување. Ги видовте ставовите на бугарската влада за планот со шест месеци. Ние мислиме дека не се потребни шест месеци, туку шест дена, да седнеме да ги решиме прашањата и да почнеме преговори“, изјави Груби во гостување на Канал 5.

КОСОВСКИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР НЕМА ДА ГИ ПОСЕТИ ОСУДЕНИТЕ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ

Одбиено е барањето на косовскиот заменик-министер за правда за посета на осудените за Диво Насеље. 

Управата за извршување на санкциите не ја дозволи бараната посета на осудените лица за „Диво Насеље“ од страна на заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху. 

Салиху, како што информираат од Управата, може да го посети КПД Идризово, но не и на осудени лица. Од Управата за извршување на санкциите, соопштија дека во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено- поправните установи во Р.С.Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет. 

ДЕНЕС ИМА СКОРО 300 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со недели варира вредноста на турската лира, што донесе загриженост и протести во Турција, но тоа мотивираше дел од македонските граѓани токму во овој период да го посетат Истанбул, да одат на шопинг и да уживаат покрај Босфорот. 

Државата не престанува да доделува парична помош на фирми или производители, со назнака намалување на штетните економски последици предизвикани од ковид кризата.

Во услови на прогласена енергетска кризна состојба и ценовниот шок на слободниот пазар на електрична енергија, вкупната потрошувачка на струја во Македонија се намалила за 4,6 отсто. 

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, која со почетокот на епидемијата на корона вирусот во Македонија стана еден од главните ковид-центри во земјава, моментално се хоспитализирани 50-тина пациенти, но како и во претходниот период, таму се лекуваат оние со најтешка клиничка слика поради компликации од ковид. 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“