26 Јуни, 2024
0.0296

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одбележува 8-ми Март, жените излегоа на марш

Објавено во: Македонија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

МАРШ ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА

Во Скопје се одржа марш за женски права по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената. 

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“, „Држава што не постапува е држава што убива“ – ова се дел од пораките кои беа испратени на денешниот марш. 

На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.

„Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири“, истакнаа од Платформата за родова еднаквост.

СПАСОВСКИ ГИ КАЖА МОЖНИТЕ МОТИВИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по убиството на наркобосот Јетон Кривањева и Енес Исени, кои беа егзекутирани пред два дена во Старата скопска чаршија во угостителски објект, рече дека најверојатен мотив за нападот е мешсебна пресметка помеѓу криминалните банди.

„Истрагата бара темелно утврдување на факти и аргументи и обезбедување на докази и во тие рамки се движи истрагата која ја работиме заедно со Обвинителството и се што ќе се утврди како факт, доказ и аргумент навремено ќе биде презентиран во јавноста, така што ниту една ваква комплексна истрага не можеме да ја водиме во јавноста и во медиумите.

Наркобосот Јетон Кривањева, кој заедно со Енес Исени беа егзекутирани пред два дена во Старата скопска чаршија, бил чест гостин и се однесувал пристојно во клубот „Шиша бар“ каде што беше убиен од неколкумина маскирани напаѓачи, велат посетителите на ова место за Телевизија 24 кои при тоа побарале да останат анонимни.

ГРУБИ СЕ СКАРА СО НОВИНАР

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска се скара со новинарот Миомир Серафиновиќ од Телма. 

Тој му посочи дека „забегал“ со одговорот на прашањето, а Груби погрешно го протолкува изразот.

„Нема да ви одговорам додека не се извините. Треба да реагира ЗНМ за ваквото однесување што е многу навредливо и неприфатливо“, рече Груби.

Серафиновиќ потоа се извини и кажа дека тој збор различно се толкува на албански и македонски јазик.

„Не ми беше намерата во тој контекст“, рече тој.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Македонија во многу сфери жените не се рамноправни со мажите. Конкретните податоци укажуваат дека жените каскнаат зад мажите и сме далеку од стандардите во европските земји. 

По мини реконструкцијата на Владата главните напори на премиерот Ковачевски ќе бидат насочени кон отворање на процедурата за уставни измени како дел од прифаќањето на Францускиот предлог.

Наспроти сите контроверзии и сомнежи поврзани со компанијата и изградбата на автопатите по коридорите 8 и 10д, денеска во Владата е закажано потпишувањето на договорот со „Бехтел и Енка“.

Челичниот гигант „Макстил“ минатата година ја завршил со профит од 17,5 милиони евра, стои во Билансот на успех на компанијата кој таа го објави на Македонската берза. Тоа е пораст за цели 27 проценти во однос на претходната 2021 година.

Три дена по ред наставата во училиштата се одвива непречено, учениците и наставниот кадар се безбедни, родителите се спокојни. Дали има дојави за подметнати експлозивни направи во основните и во средните училишта, но и во останатите објекти во земјава, јавноста нема да биде информирана согласно новите протоколи кои ги воведе Министерството за внатрешни работи, освен во случај заканата да е реална. 

фото Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра