ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа лидерска средба, но договор нема
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2023
НЕМА ДОГОВОР НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА
Премиерот Димитар Ковачевски по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, укажа дека опозициската партија не е против уставни промени и дека му дал понуда од пет позиции во Владата. Сепак за Мицкоски, како што и самиот тој кажа претходно, не е прифатливо коалицирање со ДУИ.
„На средбата предложив да го направиме следниот чекор, заедно, и да ги излагасаме заедно уставните измени. Тоа е вистинското решение кое граѓаните го очекуваат од нас. Дадов предлог до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку се сложат, заеднички да пристапиме кон остварување на оваа цел и заедно да ги гласаме уставните измени. Ако заедно ги изгласаме уставните измени – отворањето, подготвување на амандмани, затворањето, тогаш предложив, веднаш по последното гласање, може да одиме на избори. Тоа е став од претходните месеци кој го имам кажано. Меѓутоа во текот на изминатиот период слушајќи ги изјавите од политичките субјекти, сфатив дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е важно да бидат дел од власта. За да покажеме дека ние како Влада не сме ориентирани кон добивање политички поени само за себе и дека не сме водени од партиски интерес, дека не сме фокусирани само на резултатот на следните избори, предложив да го изгласаме отворањето на Уставот со 2/3 и веднаш, утре дента, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Влада при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници од ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе обезбедиме Влада која ќе обединува“, рече Ковачевски.
Министерот за образование и наука од ДУИ, Јетон Шаќири, на фејсбук објави дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.ВРАТАТА НА ЕУ Е ОТВОРЕНА АКО СЕ РЕАЛИЗИРААТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ
Вратата на Македонија кон Европската Унија е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор, истакна амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Нагласува дека доколку не се направат уставните измени, тоа значи дека сме ја пропуштиле шансата, која други ќе ја искористат.
СО СТАВ СЕ ЈАВИ И ЛЕВИЦА
Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ одржа прес конференција по повод исходот од денешната лидерска средба:
„Несомнено е дека ги имаме најтемните дни за македонската демократија. Во караванот на бездната во која нѐ води антиевропската и антидемократската СДСМ, очигледно е дека одлучи да им се придружи и ВМРО-ДПМНЕ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.