СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2024
Нема проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. Македонската претседателка е во посета на Црна Гора.
„Околу уставните измени за кои многу се зборува веднаш ќе кажам никаков проблем нема во преамбулата да се внесат и Црногорците. Никој не негираа и сите ние помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло. Но, она што важи за уставните измени уште еднаш ќе го реафирмирам. После многу lose-win состојби во кои дури и името го сменивме – непознат феномен, не само меѓу луѓето, туку и меѓу државите, ние повторно значи сме соочени сега на барање на Европската Унија да посегнеме по нови уставни измени“, вели претседателката.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени.
Според неа, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава.
Бугарија бара внесување на Бугарите во Уставот и тоа е услов земјава да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ).
фото Кабинет на претседател
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.