25 Ноември, 2024
0.0269

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се отвораат нови одделенија за ковид пациенти, а лекарите бараат построги мерки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Март, 2021

Добивај вести на Viber

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВИСОК, СЕ ОТВОРААТ НОВИ ОДДЕЛЕНИЈА ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИ

Дури 71 нов пациент, најмногу до сега, биле хоспитализирани во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Од Министерството за здравство информираат дека поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола - 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:

Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ НОВИ РЕСТРИКЦИИ

Комисијата за заразни болести сериозно да го земе предвид воведувањето на дополнителни рестриктивни мерки и протоколи, бара Лекарската комора на Македонија.

„ Свесни сме за фактот дека овие мерки се крајно непопуларни, но во интерес на одржливост на болничките капацитети и зачувување на јавното здравје, како здравствени професионалци, сметаме дека нивното воведување е повеќе од потребно. Само со холистички пристап и земање на сите фактори предвид и со промптна реакција на сите полиња можеме целосно да се избориме со вирусот, стои во соопштението од Лекарската комора.

Апелираат сите граѓани да ја препознаат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме предизвикана од ширењето на ковид-19 и со заеднички придонес и делување да им помогнат на лекарите во борбата за заштита на индивидуалното и колективно здравје, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи понатамошното ширење на вирусот и да се избегне колапс на здравствениот систем.

КАМЧЕВ СВЕДОЧЕШЕ ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“

Јордан Камчев кој денеска сведочеше за случајот „Меѓународен сојуз“ побара да биде изземен како сведок бидејќи како што рече, надвор од сите законски одредби, со грубо кршење на законот и вршење директна тортура врз него му бил изречен притвор со што се создадени вештачки притисоци и со тоа тој не може да биде кредибилен како сведок пред Обвинителството. 

Откако Обвинителството и судот не го прифатија барањето, во сведочењето тој и на одговорите на Обвинителството и на одбраната им рече дека „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“’ се едно исто, односно се работи за ист случај кој започнал пред предметот „Империја“ и чија жртва директно и сè уште е тој. 

Тој вели дека прв пат во есента 2018 му биле понудени двата конкретни проекти од страна на Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, a кои тој ги одбил поради нивна економска неоправданост и посочи дека воопшто немал контакт со Меѓународен сојуз. 

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА СОФТВЕРОТ НА РАШКОВСКИ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. 

„Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во меѓувреме, откако беа издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството достави известување во врска со нивното постапување во случајот.“, велат од ОЈО. 

ТЕПАЧКА ВО СТРУМИЦА

Сериозна тепачка во која учествуваат десетина луѓе се случила во центарот на Струмица. На видеото кое го објави Струмица онлајн се гледа како неколкумина прво бркаат некого, па потоа со клоци и со палки го удираат по целото тело. 

Видеото е вознемирувачко.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во нашата економија сепак има исклучоци кои се примери за успех во извозот во корона кризата. Еден од нив е производител на храна (оранжериски зеленчук) кој лани успеа да извезе 1,6 милиони евра односно 13 пати повеќе од 2019 година. Станува збор за „Оранжерии Хамзали“ фирма на Васе Митев кој е газда и на струмички „Грозд“

Автомобилската индустрија во Европа е на колена. Корона кризата неумоливо силно го погоди овој сектор. Бројките за февруари се лоши како никогаш досега. Закрепнувањето што се очекуваше во овој сектор за овој период, сега е речиси непостоечко.

Граѓаните се охрабрија, и анонимно телефонски почнаа да ги пријавуваат лихварите.

Кој ќе ги продаде акциите што ги поседува во Македонска берза на Загребската берза? Два дена откако од Загреб информираа дека ќе го зголемат својот удел во Македонска берза со купување на 276 акции односно Загребската берза ќе докупи уште 9,89 отсто, од берзата во Скопје не соопштија никакви детали. Фактор сепак дознава кој е продавачот на овие акции.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа