ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигна и втората пратка вакцини од Србија, денес има 725 заразени со коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Февруари, 2021
СТИГА И ВТОРАТА ПРАТКА ВАКЦИНИ ОД СРБИЈА
На граничниот премин Табановце пристигна и втората пратка од донацијата на вакцините од компанијата Фајзер, од соседна Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче лично го пречека неговиот колега, Златибор Лончар, кој му ги предаде вакцините.
Министрите оттаму порачаа дека и покрај вакцинирањето на населението, се уште не треба да се опуштаат граѓаните бидејќи бројот на новозаразени расте. Министерот Лончар сподели и нивни искуства од процесот на вакцинацијата во Србија каде досега се вакцинирани повеќе од милион граѓани
-Ги следиме несаканите дејства, но тоа се вообичаените нус ефекти кои се јавуваат и кај другите вакцини. Обично станува збор за црвенило на местото на убодот, блага болка во таа рака, евентуално малку повишена температура, малаксаност, но немаме некои посериозни несакани дејства. Ние и понатаму ќе правиме анализи, тоа е и наша обврска, сега ни е најважно да набавиме што поеќе вакцини и да вакцинираме што повеќе луѓе. Инаку сите вакцини се поддекнаво безбедни, единствената разлика межу нив е тоа што некои создаваат побрзо антитела, некои малку подоцна, но според контролата на нашата Агенција за лекови сите се ефикасни и безбедни. Целта ни е да вакцинираме повеќе од 2 и пол милиони луѓе, досега вакциниравме повеќе од милион и ревакциниравме, но посебно би сакал да истакнам дека кога ќе се прими првата доза не смее да има опуштање. Нас ни се случува луѓето да ја примат првата доза и веднаш да ги фрлат маските. И секако имаме случаи кои се заразуваат веднаш по примањето на првата доза, порача српскиот министер за здравство, Лончар.
Инаку, денеска пристигнаа точно 3.510 дози, па со претходните 4 680, вкупната донација од Србија е 8.19о дози, за кои министерот Филипче истакна дека се доволно за да асе вакцинираат здравствените работници кои работат во ковид-центрите. Според утврдената динамика, дневно се вакцинираат меѓу 250 до 300 здравствени работници.ДЕНЕС ИМА 725 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД -19
Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка – по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија – по 3, Кичево – 2, Берово – 1.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:
Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино – по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш – по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Кочани, Крива Паланка и Виница - по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.НЕ Е ИСКЛУЧЕНО ДА СЕ ВОВЕДАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ
Moжни се нови мерки затоа што британскиот сој на коронавирусот се шири. За оваа опција зборуваше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
„Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава. Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи“, изјави тој.
Во Охрид, Прилеп и Кавадарци се зголеми бројот на заболени. Според епидемиолозите растот на бројките се должи на мутациите, но и на непочитувањето на мерките.ДВАЈЦА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
И градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски е заразен со коронавирус.
Тој синоќа го добил позитивниот тест и е во домашна изолација.
„Засега се чувствувам добро. Имам само повисока температура и болки во мускулите и чувствувам изнемоштеност“, изјави Јовановски во телефонски разговор за МИА.
Тој вели дека се посомневал дека може да е инфициран по покачената телесна температура.
„Имав температура од 37,2. Се посомневав на симптоми, иако немав загубен вкус и мирис. Тестот покажа дека сум позитивен, најверојатно вирусот сум го добил по контакт со позитивен зашто изминатите денови имавме некои состаноци. Сега температурата е 37,6, немам некои проблеми, примам терапија и сум дома“, вели Јованоски.
Во земјава почна да расте бројот на заразени и денеска надмина 700.И градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ е позитивен на коронавирусот.
ДАЛИ МИЈАЛКОВ НАВИСТИНА БИЛ ВО ИЗОЛАЦИЈА?
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека Министерството за здравство нема информации дали екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков контактира со епидемиолози околу неговата здравствена состојба, односно дали е евентуално позитивен на короновирусот.
Како што е познато, Мијалков вчера, пред самиот да се пријави во обвинителството, откако претходно го бараше цела држава, а за него се распиша и меѓународна потерница, рече дека бил отсутен затоа што бил во самоизолација, односно имал температура од 40 степени, и се сомневал дека е болен од коронавирусот.УГОСТИТЕЛИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ВЛАДАТА
Угостителите, предводени од сопствениците на рестораните за свадби, денеска го преселија протестот пред Владата. На булеварот беа поставени маси, столици и декорации за свадби.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.