23 Јуни, 2024
0.0283

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стојановиќ ќе раководи со Управата за извршување на санкции, истрагата за бегството нема да застане

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

СТОЈАНОВИЌ Е ВД ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ

Владата на 120-та седница за ВД директор на Управата за извршување на санкции, го именуваше Јовица Стојановиќ. Toj ќе раководи со институцијата до избор на нов директор. 

Стојановиќ е именуван за ВД директор на Управата за извршување на санкциите, откако на вчерашната владина седница е разрешен директорот на Управата, Марјан Спасовски. 

„Владата го прифати и предлогот на Министерот за правда, да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување на санкции“, соопштија од Владата. 

Спасовски е разрешен откако се случи филмско бегство од затвор. Затвореник кого полицајците го носеле во болница успеа да избега и сега полицијата го бара со потерница. Паднаа суспензии и ќе има одговорност за случајот. 

ИСТРАГАТА ЗА БЕГСТВОТО НА ЗАТВОРЕНИКОТ НЕМА ДА ЗАСТАНЕ

Сите кои се инволвирани во случајот со бегството на затвореникот Беким Мемети се во притвор, но тоа не значи дека тука ќе се застане. 

Ова го истакна министерот за правда, Никола Тупанчевски при неговото гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Според него одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот, и посочи дека е распишана меѓународна потерница за лицето кое е во бегство.

АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ БОГОЕВ

Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар се огласи со реакција дека досегашниот директор Ванчо Богоев е неправедно разрешен само затоа што не сакал да го вработи музичарот Бени Шакири.

Градоначалничката Данела Арсовска го разреши Богоев, кој на директорската фотелја седна пред една година. Денеска, Град Скопје појасни дека не е назначен нов директор на оваа кулрна установа, но тоа ќе се направи откако ќе бидат разгледани биографиите за позицијата. Сепак од МКЦ велат дека тоа ќе биде извесен Никола Алексов, инаку дипломиран детектив кој е примен пред два дена во институцијата како привремено вработување.

ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ВО УКРАИНА ЗАГИНА МИНИСТЕР И ЗАМЕНИК МИНИСТЕР


Има три можни причини за уривањето на хеликоптерот во Украина.

Се случи несреќа кога хеликоптер со полицискиот врв се урна во близина на градинка и станбена зграда во близина на Киев. Билансот е 14 загинати и 25 повредени. Украинските власти истражуваат три потенцијални причини за паѓањето на хеликоптерот при што загинаа министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик Евхен Јенин и државниот секретар Јуриј Лубкович.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За да заработат повеќе пари, дел од Македонците кои заминуваат на работа во Хрватска, успеваат да најдат и втор ангажман и да работат и во попладневните часови доколку психо-физички се спремни.

Уште поинтересно е тоа што единствена точка на дневен ред на претстојното акционерско собрание на РЖ Интер-Трансшпед ќе биде само месечниот паушал на сегашниот претседател на Одборот на директори. Ќе реагираат ли повеќе од 4.900 домашни акционери – физички лица кои повеќе од три години не виделе дивиденда?

Иако изградбата на фотонапонската централа од 10 мегавати на ЕСМ заврши пред девет месеци на старото рударско наоѓалиште на РЕК „Осломеј“, објектот се уште не е пуштен во употреба.

Поевтинување на платежните услуги, зголемување на конкуренцијата на пазарот, како и употреба на електронски пари - кои не се криптосредства, се дел од новините кои ги носи Законот за платежни услуги и платни системи чија примена започна со почетокот на годинава. 

Паднал берзанскиот промет, бројот на трансакциите, берзанскиот индекс, како и пазарната капитализација на компаниите што котираат на Берзата.

Моќниот Светски Економски Форум во Давос, една долгогодишна елитна традиција, секогаш е место на кое врвните светски лидери и државници, политичари и бизнисмени, не само што формално дискутираат за глобалните проблеми, пред се климатските промени, а годинава и војната во Украина и енергетската криза, барајќи солуции, туку и дестинација на која државниците од помалите и помалку познати држави имаат прилика да се сретнат со „видните светски фаци“ и пред нив да ги претстават перспективите на својата земја, секако, во надеж за инвестиции и нови знаења од силните економии.

Можеби ќе ве интересира

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство