27 Април, 2024
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стразбур ја прогласи жалбата за недопустлива, а поради хаосот во ФЗО нема плати за здравството

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

СТИГНА ОДГОВОР ОД СТРАЗБУР

Апликациите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори СЈО, а кои поранешниот претседател Ѓорге Иванов ги помилува, се недопуштени, ова го одлучи Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Судот смета дека обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови. Одлуката е финална, соопшти Европскиот суд. 

Тоа би значело дека предметите на поранешното СЈО не пропаѓаат и постапките за нив продолжуваат.

ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ СО ФЗО

Цели десет дена софтверот на Фондот за здравствено осигурување е во колапс, а овој проблем направи досега невиден хаос во државата. Погодени се и здравствените работници и граѓаните осигуреници кои се приматели на здравствените услуги. И едните и другите велат дека нефунционирањето на еден ваков сериозен систем е показател колку државата забрзано тоне и како настанува непоправлива штета во сите сегменти.

Најболниот момент е неисплаќањето на јануарската плата во ниту една јавна здравствена установа.

ЗА СПАСОВСКИ ИЗЈАВИТЕ НА ПЕНДИКОВ СЕ ГЛУПОСТ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги искоментира како „чиста глупост“ изјавите на Христијан Пендиков, секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид, во интервјуто за БТВ, во кои меѓудругото тврди дека Бугарите се плашат дека во Македонија може да бидат стрелани и никој да не ги заштити.

- Не може 30 години да живеете во една држава и никој ништо да не ви рекол и сега одеднаш да речете дека државата не ви ги почитува правата. Тоа не е реално, не е факт. Сепак, упатувам порака дека насилство не смее да има во никој случај за ниту една причина, рече Спасовски и дополни дека е недозволиво и да се „навредува една цела земја“.

БОКИ 13 НАЈАВИ БОМБА

Во нашата редакција пристигна мејл од правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13, кое, како што пишува во соопштението се однесува на предметото „Рекет“. 

Во кусото и штуро соопштение најавуваат дека утре ќе обелоденат скандал од, како што велат, невидени размери. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата преку акцискиот план што го објави за наредните три години, изнесе податок дека државата во своите задолжителни нафтени резерви има најголем недостаток на дизел. Поради тоа, во наредниот период Агенцијата за задолжителни нафтени резерви ќе го купува исклучиво само ова гориво.

Сите чекавме на државно конто да легнат 600 милиони евра од државната обврзница која земјава ја издаде пред една недела, но далеку од очите на јавноста се појавил проблем кој направил на оваа сума да треба малку да почекаме. 

Иако не може да споредува со банкарските камати, она што како принос го дава СН Осигурителното брокерско друштво за својата корпоративна обврзница веројатно ќе го сврти вниманието на некои посмели инвеститори. Особено сега е извесно дека мразот е скршен и наскоро ќе биде првата исплата. Иде ли времето на корпоративните обврзници или и понатаму стопанството ќе чека само и исклучиво на кредитирање од банките?

Почуваат првите подготовки околу формирањето на долгоочекуваниот Фискален совет. Народна банка објави оглас со кој бара лице кое ќе биде дел до советот. Огласот открива дека лицето кое е заинтересирано да биде дел од Фискалниот совет ќе зема две просечни нето плати, што е согласно одредбите во Законот за буџети. Ова значи дека лицето ќе добива месечен надомест околу илјада евра согласно последните податоци за просечната нето плата во земјава.

Костадин Богданов, адвокат, и поранешен владин агент пред Европскиот суд за човекови права во Старзбур, за Фактор попрецизно го објаснува значењето на денешната одлука на Европскиот суд.

Можеби ќе ве интересира

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори