ФАКТОР НА ДЕНОТ: Угостителите протестираат, бараат помош од државата, но и протокол за свадби
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Февруари, 2021
УГОСТИТЕЛИТЕ ИСПОРАЧАА БАРАЊА ДО ВЛАСТА
Владата да направи посебен пакет мерки за нив, бараат угостителите кои денеска излегоа на протест.
Објаснуваат дека се 100 отсто погодени од пандемијата на коронавирусот. Велат дека тие се единствени субјекти кои имаат забрана за вршење дејност.
„Премиерот Заев презентирајќи го петтиот пакет мерки, во мерката број 8 презентираше помош од 1.3 милиони евра за транспортните компании за патници кои имаат пад од минимум 50 отсто. Како што кажа, го парафразирам ‘државата директно ја ограничи со мерки нивната дејност и работење’. Па, зарем ситуацијата кај нас е поинаква? Ние немаме ограничувања во дејноста, кај нас е и полошо, ние имаме забрана за вршење на нашата примарна дејност за која сме ги отвориле објектите и доколку работиме кривично одговараме“, рече угостителот Перица Голомеиќ.
Вели дека тие пет месеци нивните вработени ги исплаќале од сопствени средства, додека државата им помогнала за шест месеци. Тој кажа и интересни работи во врска со тоа какви протоколи бараат.Нема простор за eтнички лични карти во ЕУ.
Евроамбасадорот Дејвид Гир денес на прес-конференција во Владата изјави дека регулативата на ЕУ забранува процесуирање на лични податоци за етнички, политички и други верувања во личните документи. Таквата практика, како што рече е дел од европска регулатива. Додаде дека е добро што Македонија работи на тоа да ги прилагоди своите стандарди со тие на Унијата затоа што кога ќе почнат преговорите, овие прашања се првите што ќе се дискутираат.
„Генералната регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци забранува процесуирање на лични податоци кои откриваат расно, политичко, етничко, религиско и друго уверување, како и сексуална ориентација и одреден број други прашања. Личните карти во ЕУ сѐ уште се под националните закони, но регулативата што ја споменав и која ги содржи првите правила за личните карти влегува во примена во август оваа година“, рече Гир.
Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека за внесувањето на националноста во личните карти зборувал со грчкиот амбасадор во земјава, но немало предупредување од никого.JAНКУЛОСКА ВЕЛИ ДЕКА БИЛА ЕДНА ОД НАЈПРИСЛУШКУВАНИТЕ
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во завршните зборови на одбраната за случајот „Таргет-Тврдина“ рече дека неможело свесно да го дозволи тоа што го тврдат обвинителите дека свесно го одбрила делувањето на поранешниот началник на петтата управа во УБК Горан Грујевски и на поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, кога како што вели, и самата таа била една од најприслушкуваните.
- Станува збор за злоупотреба на службена положба и овластување заради уништување на системите за следење на комуникации со кои незаконски со години незаконски се прислушкувани илјадници граѓани а јас лично сум една од жртвите кои биле најмногу и најдолго прислушкуваниДЕНЕС ИМА 415 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци - 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 244 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2, Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.