29 Септември, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставните измени поминаа на Влада, сега на потег е Собранието

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА ГО ОБЈАВИ ТЕКСТОТ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Утврден e предлогот за пристапување кон измените на Уставот, соопштија од Владата по одржаната 171-ва седница. 

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието. Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа со едногласна поддршка на содржината на текстот, по што точката е ставена на дневен ред на денешната владина седница на предлог на Министерството за правда.


„Интервенциите се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ“, соопштија од Владата. 

АДЕМИ ВЕЛИ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ЗА ДА СЕ СПРОТИВСТАВАТ НА РУСИЈА

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, посетата на министрите за европски прашања од Германија, Франција и Полска рече дека била конструктивна.

Тој објасни кои пораки ги пренеле европските политичари. 

 „Сите пораки беа јасни. Ако сакаме да ѝ се спротивставиме на Русија, тогаш ќе гласаме за уставните измени. Тоа беше главната порака“, рече тој. 

Очекува партиите да не се водат од тесни политички интереси. 

АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ ДОДЕЛИ КОМБЕ НА ЏАМИЈА

Откако Фактор објави дека директорот на Агенцијата за управување со одземен имот обезбедила и пуштила во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново, се огласи со свое соопштение Агенцијата, која тврди дека нема направено никаков законски прекршок со покренувањето на оваа иницијатива.

Нивното појаснување до нашата редакција го пренесувамне во целост.

„Ве известуваме дека Агенцијата нема направено никаков законски прекршок со покренувањето на иницијативата - предлог за отстапување на возило, туку напротив постапуваме согласно законските надлежности на Агенцијата.

КАМАТИТЕ НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОГОЛЕМИ ОД ДОЛГОТ

Пратениците од параламентарното мнозинство денеска ги усвоија законските измени: со кои каматата нема да може да биде поголема од долгот.

Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

„Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле. За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓаните“, објави СДСМ веднаш по гласањето.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонските граѓани кои издаваат вили, апартмани, соби за туристи велат дека за нив летото е работно и тешко наоѓаат време за да заминат на одмор.

На 4. јули е донесено Упатството за практикување на медицина заснована на докази за третман на пациентите со цистична фиброза и тоа е објавено во Службен весник.

Надлежните скорија нов закон со кој планираат да ги подобрат ефектите во земјоделскиот сектор. Во Собрание е доставен нов закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој, со кој што се цели кон подобро управување и регулирање на советодавните услуги.

Конечно се дозна кој ќе раководи со млинско-пекарската компанија „Жито Караорман“, откако нејзиниот, сега доминантен сопственик, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво.

„Ројал Игл“, компанијата која од неодамна е дел од холдингот за приредување на игри на среќа „Новоматик“, ќе менаџира со новорегистрираното „Адмирал Казино Доо Скопје“. Од таму веќе објавија оглас за вработување на лица во казиното што ќе се отвора во хотелот „Лимак“ во Скопје.

Денеска на Берзата помина блок трансакција со акциите на нашиот најголем нафтен дистрибутер „Макпетрол“.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“