ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вакцините од Србија не стигнаа, ќе почекаме неколку дена
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Февруари, 2021
СЕ ОДЛОЖИ ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА
Најавената донација од Србија на 8.000 дози од производителот Фајзер/БионТек, која денеска требаше да пристигне во Македонија е одложена за наредните денови. Во кусото соопштение од Владата се наведува:
-Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре, 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме, соопштуваат оттаму..
Инаку, според најавата на Владата, денеска на граничниот премин Табановце точно во 14.00 часот, донацијата лично требаше претседателот на Србија, Александар Вуќиќ, да му ја достави на премиерот Зоран Заев.ЗА ЕДЕН ДЕН НАД 25.000 ГРАЃАНИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА
Министерството за здравство информира дека досега 25.401 илјади граѓани ја имаат пополнето апликацијата на веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19.Оваа веб-страница, вчера беше пуштена во употреба и преку неа граѓаните може да се пријават дека сакаат да се вакцинираат.
Секој граѓанин кој ја пополнува формата за аплицирање, се регистрира во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар ќе може да го види податокот за пациентот.
Вакцинацијата против коронавирусот ќе се спроведува исклучиво преку превидениот план кој е изготвен во Националниот план за имунизација на населението во Северна Македонија.КРЕАТОРОТ НА VАKSAJNS.MK ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА
Mи изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни, напиша на Фејсбук, креаторот на сатиричната веб страница „Vaksajns.mk“, Адил Бакиу.
Тој се огласи по разговорот во Полициската станица Карпош.ДЕНЕС ИМА 416 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.
Регистрирани се 278 оздравени пациенти од:
Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (61г, 66г, 86г), два пациенти од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.КАРАКАЧАНОВ СО ПРОВОКАЦИИ КОН МАКЕДОНИЈА
Бугарскиот вицепремиер како да се подбива со македонските граѓани, коментира јавноста по последните изјави на Красимир Каракачанов.
Каракачанов кој нема “влакна на јазикот“ за бТВ рекол дека Бугарија не ги принудува Македонските граѓани да си го сменат идентитетот, обвинувајќи за тоа дека Скопје ги искривува фактите и за Цар Самоил, кој според бугарскиот политичр бил бугарски владател.
Политичарот, обраќајки се до македонските власти но и граѓани посочил дека за време на Тито сме се нарекувале Југословени и тоа е наше прво, но да не ја крадеме нивната историја.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во очекување на локалните избори кои ќе се одржат наесен, општините постојано вработуваат нови кадри. Агенцијата за администрација речиси секој ден е полна со огласи за вработување во одделни општини, некаде по еден, а некаде и по неколку извршители.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.