ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Македонија за 24 часа нови 175 заразени, најголем дел од Скопје
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Јуни, 2020
СКОПЈЕ ДЕНЕС ИМА НАЈМНОГУ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Од вкупно 971 тестирања, за едно деноноќие во земјава има 175 новозаразени со Ковид-19. Најголемиот број се во Скопје, дури 131 случај, а следува Куманово со 24. Во останатите градови: Тетово 5, Велес 4, Штип 2, Струга 2, Гостивар 2, Светиниколе 2, во Охрид 1 позитивен.
За 24 часа починаа пет пациенти и тоа: на Клиниката за инфективни болести при прием во амбуланта почина еден пациент од Прилеп (72г), додека во ГОБ „8 септември“ починаа четворица пациенти: од Скопје-пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни, пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Воедно има и 18 оздравени, а 5 пациенти се починати.
Во Охрид и во Скопје има заразени од семејни прослави.
Има и заразени во штипските конфекции.
„Состојбата во Штип и Скопје постепено се смирува, останува Скопје, особено Чаир. Се уште се евидентираат непочитувања на мерката за самоизолација и групирања“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.КОРОНАТА СЕ ВРАТИ ВО ДЕБАР
Член на кризниот штаб во Дебар е позитивен на коронавирусот.
Заразен со Ковид -19 е и лекар инфектолог и медицинска сестра од овој град, дознава Фактор.
Во Дебар, короната повторно се врати, а деновиве повторно има регистрирани заразени.ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ НЕИЗВЕСЕН
Претседателот на државата, Стево Пендаровски утре ќе информира дали ќе има ново продолжување на вонредната состојба.
Од утрешната одлука зависи и датумот за одржување на престојните предвремени парламентарни избори.
Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека не е потребно продолжување на вонредната состојба.
Тој додаде дека не треба да има продолжување на вонредната состојба, и додаде дека поинтензивна контрола на носењето маски и спречување на групирањето, ќе даде резултати.Избори на 5 јули нема да има, дециден е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој вечерва гостуваше во отвореното студиот на ТВ 24.
Тој повторно ги обвини СДСМ и Зоран Заев дека брзаат за да се спасат.
Тој вели дека политичари завршуваат во карантин, меѓу кои и тој, а после него во изолација завршило и пола раководство на СДСМ.„СДСМ иако лицитира со датуми, сепак сè уште не е време за организирање на избори. Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5 јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има“,
рече Јанушев.
ОД УТРЕ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА
Утре ќе бидат префрлени 28-те милиони евра средства за домашните платежни картички кон банките, а веќе од утре и се очекува да се издадат првите домашни платежни картички. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување за „Само вистина“ и посочи дека банките веќе по смс ги информираат граѓаните чии картички се изработени.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Пандемијата донесе многу негативни и малку позитивни работи во животот на луѓето, и новата нормалност ќе го смени начинот на живот.
Периодот кој помина беше исполнет со рестрикции во движењето и голема претпазливост, со цел луѓето да не се заразат од новиот коронавирус.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.