27 Јули, 2024
0.0441

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во претседателската трка влегуваат и Бујар Османи и Максим Димитриевски

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

БУЈАР ОСМАНИ И МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ИСТО ТАКА ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во видео обраќање од седиштето на партијата во Мала Речица ги повика граѓаните да се обедини за најважниот референдум во ова време: „НЕ за Русија, ДА за Европа“ и да се избере претседател и потпретседател со 2/3 мнозинство од гласовите и со Бадентерово двојно мнозинство во Собранието.

Според Ахмети, отворањето на Уставот за прашањето за претседателот ќе овозможи реализација на договорот за добрососедство и продолжување на евроинтеграциите.

Ахмети, исто така, информираше дека Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи ќе биде кандидат за претседател од ДУИ. 

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски влегува во трка за претседател. 

Тој ќе биде кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Информацијата денеска ја соопшти партискиот портпарол Никола Мемов. Од утре почнува постапката за собирање потписи.

„Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК“, нагласи Мемов.

ТАТКОТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ ЌЕ БАРА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ

Таткото на Леонид, Бранко Индов најави дека доколку второстепената комисија донесе иста одлука како претходната, тој ќе бара кривична одговорност од лекарската комисија. 

Одлуката да не се финансира лекувањето во Виена на момчето, доаѓа по даденото мислење од Универзитетската клиника ТОАРУЛИЦ, но и доставената фактура од клиниката во Виена. Ова денеска го кажаа генералните директори на ФЗОМ Магдалена Филиповска Грашковска и Асаф Абдурамани. 

МИЛОШОСКИ ОСЛОБОДЕН ЗА „ИЗМАМА“ ВО СЛУЧАЈОТ „МОЌНИК“

Пратеникот Антонијо Милошоски е ослободен и од делото „измама“ во случајот „Моќник“, откако Обвинителство во фаза на завршни зборови направи преквалификација на делата за преостанатите тројца обвинети за случајот „Моќник“, по што Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривично гонење.

Со тоа ослободени од обвинение се и таткото Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, за кои исто така  судењето продолжи за кривичното дело „измама“.

МИЈАЛКОВ ДОБИ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА „ТРЕЗОР“

Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Поради апсолутна застареност постапката запре постапката против обвинетиот Небојша Стајковиќ.

Според судијката Имране Селмани, која денеска ја изрече ослободителната пресуда, обвинетите се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сознание дека го сториле делото за кое се обвинуваат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со заразното заболување пертусис има случаи и на повозрасни пациенти во Македонија, што значи дека големата кашлица не е „резервирана“ само за децата.

Луѓе во поодминати години одат на сезонска работа во Хрватска. Станува збор за луѓе кои се пред пензија, ги има и мажи и жени, кои се во добра кондиција, сакаат да работат и преку лето одат во Хрватска.

Четири скопски компании специјализирани за одржување хигиена го поделија тендерот за чистење на неколку илјади квадратри метри површини во дирекцијата на МВР како и во неговите три регионални центри во Скопје, СВР Скопје, посебна организациска единица на БЈБ и уште шест регионални центри во Македонија

Ѓорѓи Дамјановски, еден од поранешните раководители на Државна лотарија на РСМ, стана сопственик и управител на друштвото за автомат клубови „Сити Клуб“ Скопје.

Не само компаниите, туку пред се многу граѓани ќе „настрадаат“ од контроверзните измени на законите за облигациони односи и за извршување, кои беа донесени во минатата година.

Доаѓа периодот во кој акционерските друштва што котираат на Берзата и кои држат до својот имиџ ќе почнат да ги објавуваат износите на дивиденди кои планираат да им ги поделат на своите акционери, од добивките остварени во текот на претходната година.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

ЛЕВИЦА ОТКРИВА ШТО СОДРЖИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГЕРМАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА ВОЗДУХОТ НА ХИРУРШКИ КЛИНИКИ - еве кои се нивните сознанија

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“