ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во пошти штрајкуваа, има најави за зголемување на платите
Објавено во: Македонија 14 Април, 2022 21:25
ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ ШТРАЈКУВАА, ИМА НАЈАВИ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ
Почна штрајкот во АД Пошта на Северна Македонија. Претседателот на Синдикатот Боро Велигденов во присуство на директорот на пошта Јани Макрадули изјави дека од утрово почнале, како што ги нарече интензивни преговори за надминување на ситуацијата.
„Нивниот предлог е линеарно зголемување на платите на вработените првенствено на тие од технолошкиот процес од 1 јуни, а за останатите од администрацијата 1 август. Преговорите продолжуваат и предлогот ќе биде разгледан со управите на синдикалните организации, а доколку се прифати спогодбата, штрајкот ќе биде прекинат. Дотогаш штрајкот е во тек, изјави Велигденов.ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СКОПЈЕ
СЕ ОГРАНИЧУВА ПРОДАЖБАТА НА МАСЛОТО ЗА ЈАДЕЊЕ
Министерот за економија Крешник Бектеши преку фотографии направени во некој од скопските маркети, а кои ги објави на неговиот фејсбук профил преку практичен пример го илустрира оправдувањето на владината одлука на ограничувањето на купувањето на масло за јадење, донесени од Владата.
„Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена.ИМА ДОКУМЕНТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ, НО СЕ ЧЕКА ОДГОВОР ОД БУГАРИЈА
Се чека одговор од Бугарија дали и е прифатлив документот за кој Македонија е согласна.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека постои документ кој Македонија е подготвена да го прифати.
„Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, вели Османи.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




