08 Јули, 2024
0.0278

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Врие“ во Нигер, македонски државјанин барал помош за евакуација

Објавено во: Македонија 03 Август, 2023

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНЕЦ БАРА ПОМОШ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД НИГЕР

Македонски државјанин кој се наоѓа во Нигер побарал помош, a oд Министерството за надворешни работи (МНР)  бараат начин за негова евакуација.

Преку македонската амбасада во Каиро, Египет, Министерството за надворешни работи (МНР) работи на обезбедување евакуација на македонски државјанин кој се наоѓа во Нигер и кој побарал помош. Министерството води интензивни преговори со сојузниците кои имаат свои претставништва во оваа африканска земја, со цел евакуација на македонскиот државјанин.

„Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk“, стои во соопштението на МНР.

НАЈДЕНО ТЕЛОТО НА МОМЧЕТО КОЕ СЕ УДАВИ ВО ГЛАЖЊА

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов потврди дека телото на давеникот во вештачкото езеро Глажња околу 15 часот е пронајдено и извлечено по 6 дена од исчезнувањето.

Во потрагата по 29-годишното момче кое исчезна во водите на Глажња на 29 јули беа вклучени шест нуркачи од Тигрите и осум нуркачи од Волците кои и денеска го пребаруваа езерското дно.

ОСУДА ЗА ОСКВЕРНАВЕНИОТ СПОМЕНИК НА ГОРАН СТОЈМЕНОВИЌ

Стојанче Ангелов, бранител од 2001 година и актуелен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) го осуди вандализирањето на споменикот на Горан Стојменовиќ кој загина во немилите настани од Диво Насеље кои се случија во 2015 година. 

Споменикот е оштетен на големиот празник Илинден. 

„Згрозен сум и силно револтиран од вандализмот на нечовекот кој ја оштетил спомен-бистата на мојот храбар соборец од Тигрите, специјалецот Горан Стојменовиќ, кој загина во борбата со терористите во кумановско Диво Насеље. Очекувам МВР брзо да го открие вандалот за да биде изнесен пред лицето на правдата“, пишува Ангелов на социјалните мрежи. 

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, доцна синоќа најостро го осуди сквернавењето на споменикот на бранителот од Диво Насеље, Горан Стојменовиќ, во Инџиково. Осквернавени се и иконите од осветениот крст. Градоначалникот порача дека спомен-обележјето ќе биде обновено.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу млади луѓе во земјава се со став дека попрво нема да работат отколку да работат за мала плата.

Балкан Енерџи Груп, со само двајца вработени на крајот на минатата година, успеал да наплати 26 милиони евра во 2022 како поранешен оператор со загревањето на скопјани со топлинска енергија. Една година претходно имал вкупно 315 вработени.

Винарската визба Тиквеш држи лекции за тоа како успешно се работи. Во првото полугодие од годинава компанијата предводена од Светозар Јаневски оствари чист профит од 1,67 милиони евра, што е зголемување за 206 проценти или за повеќе од три пати во однос на истиот период лани.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор