ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 24 часа 125 заразени, а инфициран е и советник на Чулев
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Јуни, 2020
НОВИ 125 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Во последните 24 часа се регистирани 125 нови случаи на заразени со Ковид 19, од вкупно 1019 направени тестови. Во последното деноноќие, пак, починаа дури седум пациенти. Најголемиот број на заразени се во Скопје, 89, следува Тетово со 11 новозаразени, во Охрид има 8, во Куманово 4, во Штип, Прилеп и во Струмица по двајца, и по еден новозаразен во Велес, Гостивар, Кичево и во Ресен.
Во соопштението од Министерството за здравство се наведува:-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
ЗАРАЗЕН И СОВЕТНИК НА ЧУЛЕВMинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска соопшти дека негов советник е позитивен на Ковид -19.
Од МВР информираат дека советникот не се заразил додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место.
На работа лицето последен пат било на втори јуни, а тестот му е направен на 6 јуни. Со Чулев последен пат се виделе на 24 мај.
Нема ниту едно лице од Кабинетот на министерот во изолација во моментов. МВР ги презема сите неопходни мерки за заштита на сите вработени.ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВИ СЛЕДУВА ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА
Домашните платежни картички ќе задоцнат - наместо да ги издадат на 3 јули, банките ќе имаат рок да ги направат до 18 јули. Пролонгирањето на рокот е на барање на банкарите кои имале потреба од дополнително време за да ги издадат картичките. На вчерашната владина седница сменета е и Уредбата за помош на граѓаните со издавање на картичките а со измените сменет е рокот за издавањето.
Банкарите за Фактор велат дека се подготвени во тој период да ги направат сите потребни работи за картичките. Како што веќе информиравме државата се уште нема конечна листа со луѓе кои ги исполнуваат условите и коуи треба да ја добијат картичката.
Листите ги подготвуваат Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, како и Министерството за труд и социјална политика.КОГА ЌЕ ИМАМЕ ИЗБОРИ?
Се возобновиле меѓупартиските разговори за одржување на изборите.
Се бара компромис меѓу политичките опоненти за соодветен датум за одржување на предвремените парламентарни избори, се дознава од упатени извори.
Според сознанијата, всушност се бара компромис меѓу партиите за термините меѓу 5 и 19 јули, во кој би можело да се реализира изборното соочување.
Се дознава и дека изборите не би морале нужно да се реализираат во недела, како што е вообичаена практика во текот на сите изминати години, туку би можеле да се реализираат и во некој работен ден.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.