ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 24 часа 180 инфицирани со Ковид - 19, двајца починаа
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јуни, 2020
ДЕНЕС ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ОД ВЧЕРА
Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на Ковид-19, објави Министерството за здравство.
- Скопје 109
- Куманово 26
- Дебар 1
- Штип 15
- Тетово 12
- Струга 1
- Велес 1
- Битола 1
- Охрид 1
- Гостивар 8
- Гевгелија 2
- Валандово 1
- Свети Николе 1
- Неготино 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
- Скопје 6
- Прилеп 1
- Велес 4
НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАРАЗЕНИТЕ СЕ ОД 15 СЕМЕЈСТВА
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека за 24 часа имаме 180 нови случаи на заразени со коронавирусот.
Има и 11 оздравени пациенти, но и двајца починати.
„Продолжува тестирањето на сите контакти на сите заболени во општините“, вели Филипче.
Околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи, а имало и нови спорадични случаи.
„Несомнено е дека имаме и втор бран, што укажува на непочитување на мерките за собирање“, рече министерот.
Имало и одреден број на асимптоматски случаи, како што наведе Филипче.
„Сметаме дека бранот многу кратко ќе трае, но остануваме крајно внимателни и претпазливи“, додава Филипче.
Рече дека вирулентноста слабее, но тоа не значи дека вирусот не е опасен, напротив и сега има заболени со тешка клиничка слика.АХМЕТИ СМЕТА ДЕКА Е ВРЕМЕ ЗА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ, ЗАЕВ МУ ОДГОВОРИ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев врати на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој кажа дека „е време за премиер Албанец“.
Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник, изјави за ТВ21 лидерот на СДСМ, Зоран Заев во врска со изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој на својот Фејсбук профил напиша дека е време за Албанец премиер во Македонија
„Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат. Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат пред сѐ од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните. Доколу СДСМ победи на изборите , јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.
Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, вели Заев.
Ахмети, денеска, на 18-годишниот јубилеј од формирањето на партијата, им го честиташе денот симпатизерите, членството, активистите нагласувајќи дека Демократската унија за интеграција ја одбележува годишнината како најголем субјект на Албанците во нашата земја, наследник на Националната ослободителна армија и легитимни претставници и апсолутни претставници на политичката волја на Албанците во последните две децении.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Требаше да работиме со стратегија на стекнување јак колективен имунитет уште на почетокот, затоа што е јасно дека колку повеќе луѓе заболат толку побрзо епидемијата ќе исчезне, вели за Фактор епидимиологот проф д-р. Никола Оровчанец, пензиониран професор на Медицински факултет.
Хана Селмани е матурантка во меѓународното училиште „Нова“, а ќе го продолжи своето академско патување во едно од најпрестижните училишта во светот – универзитетот Њујорк на кампусот во Абу Даби.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.