ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев и Мицкоски се соочија на дуел, а Милошоски заврши на Инфективна
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јуни, 2020
ЗАЕВ И МИЦКОСКИ СЕ СООЧИЈА НА ТВ ДУЕЛ
Лидерот на СДСМ, Зорам Заев во дуелот на ТВ 24 вечерва изјави дека не прифаќа уцени од ДУИ и би му отстапил пратеници на Мицкоски за малцинска влада.
Смета дека ако дојдеме до такво сценарио, ако треба, подготвен е да му отстапи 13 пратеници. Вели дека обратно, ВМРО-ДПМНЕ нив би требало да им отстапи 6.
Заев вели дека нема да преговара ако ДУИ уценува.
Смета дека тие треба да одат во опозицијата и дека тоа е добро.Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во дуелот на ТВ 24 изјави дека се слушнало во аудио бомбите чиј човек е бизнисменот Зоран Милевски Кичеец.
За бизнисменот Дака Давидовиќ вели дека имал само една средба со него, му рекол дека работата не ја бива, но кажа дека парите се дадени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика Заев да каже какви бизниси му ветувал на Давидовиќ.
Заев го повика бизнисменот јавно да каже кому и колку пари дал.АНТОНИО МИЛОШОСКИ ЗАДРЖАН НА ИНФЕКТИВНА
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска објави фотографија на Фејсбук од Инфективната клиника каде е хоспитализиран поради покачена температура.
Вчера направил тест за Ковид -19 и тој резултат е негативен, но денес е направен нов тест, за што ќе има резултати утре.
Вели дека нема други симптоми, дишењето, апетитот и расположението се добро.
Тој претходните денови објави дека оди во самоизолација затоа што мајка му е заразена со коронавирусот, а веќе бил во контакт со неа.И ДЕНЕС ВИСОК БРОЈ НА ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.
ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ
„Белиот список“ од 14 држави и четири држави со кои утре ќе се отворат надворешните граници на ЕУ, ќе биде официјално потврден наскоро. Европскиот совет препорачува отворање на надворешните граници со Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај, како и Ватикан, Андора, Сан Марино и Монако. Покрај тоа, можно е Кинезите да бидат примени во ЕУ под услов на реципроцитет (со други зборови, дека тоа ќе му овозможи на Пекинг да патува во европските патници во Кина).
Како што се очекуваше, САД, Бразил и Русија беа изоставени од списокот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.