26 Јуни, 2024
0.0335

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жена почина откако со семејството јаделе пита со праз, имало забранет пестицид

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

ЖЕНА ПОЧИНА ОТКАКО СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХРАНА

Почина 47-годишна жена од Скопје која заедно со својот сопруг и со своите блиски роднини јадела домашна пита.

Жената починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е сѐ уште во кома на КАРИЛ.

Блиски роднини на семејството за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.

Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

Откако од домашна пита со праз се затру цело семејство при што почина една 47 годишна жена од Скопје, а нејзиниот сопруг и неговата мајка се во кома, свое видување изнесе докторот Нико Беќаровски. Тој вели дека причината за труењето не е ниту празот ниту брашното.

ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПРАШУВА КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ДАДЕНИ ЗА РЕФОРМИ

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп повторно побара од власта да каже „каде се парите дадени за реформи од странските подржувачи?“. Во јуни холандскиот дипломат го привлече вниманието на јавноста со реторичкото прашање: „Каде се милијардите што ги дадовме?“.

Ова Коп го нагласи во контекст на тоа дека Македонија не треба да ја бара одговорноста во ЕУ што се уште не е членка, туку дека треба да тргне од себе за да може да ги исполни критериумите што се бараат.

МОЖНО Е ИЗРАЕЛ ДА ПОЧНЕ СО КОПНЕНА ОФАНЗИВА НА ГАЗА

Шефот на безбедносните сили на Хамас, Џехад Мхајсен е убиен во Газа, пренесе Би-Би-Си. Информацијата ја потврдија и медиумите блиски до палестинската милитантна група. 

Загинале и членови на семејството на Џехад Мхајсен. Вдовицата на ко-основачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси наводно е убиена во текот на изминатата ноќ.

Тие се последните високи членови на Хамас кои загинаа во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „долга војна што неговата земја ја води против Хамас“.

Некои светски агенции вчера јавија дека Џамила Ал-Шанти, првата жена избрана во политичкото раководство на Хамас е убиена во израелски напад.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фруктал Мак годинава се соочува со забележлив пад на продажбата при што особено е видливo драстично намалување на извозот во првите шест месеци годинава. 

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој работи на проектот со коридорите 8 и 10д за помалку од половина година заработи десет пати повеќе од кинески „Синохидро“, изведувачот на автопатот Кичево - Охрид. Ова го покажува извештајот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за првата половина од 2023. 

Берзата извести за промени во своите органи на управување и раководење, и за тоа ја информираше јавноста преку соопштение на својата веб страница. 

Многу македонски работници се жалат на „токсична“ работна средина и тоа е причината поради која даваат откази и често менуваат работа.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Николоски бара Обвинителството да истражи зошто планираната трета фаза од пругата кон Бугарија ќе чини 24 милиони евра за еден километар

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Николоски бара Обвинителството да истражи зошто планираната трета фаза од пругата кон Бугарија ќе чини 24 милиони евра за еден километар

БАЛАНСЕРОТ ОДИ ВО ИСТОРИЈА: Ќе се бара друго решение за правична застапеност?

БАЛАНСЕРОТ ОДИ ВО ИСТОРИЈА: Ќе се бара друго решение за правична застапеност?

ЦУК: Повеќе возила оштетени од невремето во Тетово

ЦУК: Повеќе возила оштетени од невремето во Тетово

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа