29 Јуни, 2024
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Николоски бара Обвинителството да истражи зошто планираната трета фаза од пругата кон Бугарија ќе чини 24 милиони евра за еден километар

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

НИКОЛОСКИ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ЗА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, апелираше јавниот обвинител  да постапи по наводите на државниот завод за ревизија. 

Тој се осврна на билатералниот договор меѓу ЕУ и Македонија, проценетата вредност на третата фаза од Коридорот и железничката пруга кон Бугарија е 340 милиони евра. Нагласува дека ДЗР утврдува дека до денот на ревизијата, вредноста е зголемена и изнесува 560 милиони евра што е зголемување од 220 милиони. Се работи за изградба на 23,4 километри железница што доколку пресметате ќе добиете дека еден километар чини 24 милиони евра што е најскап километар било каде во светот, информира денеска новиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Според него, претходната влада во предизборен период распишала тендерска постапка за кој што денес 26-ти јуни, завршува рокот за поднесување на понуди.

MИЦКОСКИ ПРИЈАВИ КАКОВ ИМОТ ПОСЕДУВА

Премиерот Христијан Мицкоски како нов премиер ја пријави имотната состојба во Државната комисија за спречување на корупција.

Анкетниот лист на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е објавен за прв пат по подолго време, бидејжи претходно Мицкоски беше директор на АД ЕСМ пред седум години.

Сепак, по 8-ми мај, Христијан Мицкоски како носител во првата изборна единица стана пратеник во Собранието на Република Македонија што му ја обнови обврската да го пријави целиот имот кој го поседува на сопствено име, како и начинот на кој е стекнат имотот.

ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Пријави за штети од невреме има во Тетовско, а невреме имало и во Гостиварско и Кумановско.

Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени приајви за последици од невремето во Тетовско.

На 112 во ЦУК е добиена пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.

НЕДОСТАСУВААТ 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПЕНЗИИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Драчево рече дека од септември ќе има линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, но и дека во моментов недостасуваат околу 40 милиони евра во буџетот и најави истрага.

- Деновиве работиме на уште едно ветување, а тоа е линеарно зголемување годинава на пензиите на пензионерите. Во оној првичен буџет што е поминат за оваа година, недостасуваат уште 2,5 милијарди денари. Со нивелирањето сега во септември, ќе има линеарно зголемување ќе биде 2.500 денари и следното ќе биде во март за уште 2.500 денари.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За да се заштитат од змии, граѓаните купуваат репеленти. Нив ги има во аптеките, но истите се нудат и на интернет. Од земјоделските аптеки објаснуваат дека имаат редовни муштерии, луѓе кои секоја сезона си набавуваат средства против змии.

Единствениот аква-парк што го има во Скопје и годинава нема да биде отворен за работа. Вратите се затворени а реквизитите стојат неискористени. Скопјани изгореа од жешкото време, а освен базените, место за забава на вода во главниот град нема.

Реализацијата на Прочистителната станица во Скопје и по 10 години не е подготвена за реализација, утврдија државните ревизори. Тие укажуваат дека поради неисполнување на условите и застој во градбата има опасност алоцираните средства од над 7 милиони евра да се вратат.

Профитни маржи повисоки и од 50 отсто остваруваат канцелариите на извршителите, што може да се види од споредбата на приходите и добивките што ги направиле нивните канцеларии во 2023, а за кои „Фактор“ ги обезбеди податоците.

На тендерот за набавка на струја, за потребите на електричните пумпи на ЈП „Водовод“ Куманово од кои кумановци пијат вода, се јавила само една фирма.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори