Фактор плус Адриа: ВМРО - ДПМНЕ со 4.2% води пред СДСМ
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 28,1%, а на СДСМ 23,9%, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење во Македонија на белградската агенција Фактор плус Адриа.
Трета политичка сила во Македонија, според истражувањето е Коалицијата за промени и правда (Демократски Сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-Работничка Партија) со 9,1%.
Зад нив се ДУИ, со поддршка од 6,7% и ДПА со 4,7%.
Како неопределени се изјасниле 22,1% од анкетираните граѓани.
Дека ќе гласаат на изборите одговориле 64%, а дека нема да излезат 12%. По ова прашање неодлучни се 15%, а одбиле да одговорат 9%.
Перцепција дека корупцијата во Македонија е зголемена последниве три години има кај дури 54% од анкетираните.
Загриженост и страв во однос на целокупната состојба во општеството чувствуваат 71%, рамнодушни се 50%, а надеж и оптимизам 46%.
Истражувањето е направено во период од 19 до 26 октомври 2016 година, на репрезентативен примерок од 1082 испитаници.