28 Септември, 2024
0.0234

ФАКТОР ПРАШУВА, ПОЛИТИЧАРИТЕ ОДГОВАРААТ: Каде на одмор ова лето?

Објавено во: Анализа 22 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Каде ќе летуваат македонските политичари? „Фактор“, по случаен избор анкетираше дел од нив. Некои размислуваа, некои веќе избрале дестинации, а дел пак не одговорија на прашањето каде ќе одат на летување годинава. Сепак, Фактор Ви ги презентира одгворите на оние што кажаа дали и каде ќе одат годинава на летување. Првиот финансиер, Зоран Ставрески се уште нема план за тоа каде ќе одмара летово.На нашето прашање, кратко одговори „Се уште немам ниту размислувано, ниту пак одлучено“, изјави за Фактор, Ставрески. За разлика од Ставрески, неговиот колега од ресорот транспорт, министерот Миле Јанакиески веќе има план за годишните одмори. „Ќе летувам со семејството во Турција“, одговори за Фактор Јанакиески. На која плажа ќе се одмора вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски се уште не се знае. „Се уште немам донесено таква одлука“, изјави Пешевски на прашањето на Фактор. За досегашниот министер за образование, а сега веќе заменик министер во истиот ресор, Спиро Ристовски изгледа нема да има одмор. „Најверојатно нема да одам на одмор оваа година“, ни напиша Ристовски. За разлика од него, сега веќе поранешниот министер за економија Ваљон Сарачини, ќе може да одмори летово. „Традиционално, ќе одам кај моите во викендица во Црна Гора. А, во септември заминувам во Америка на неколкумесечна студиска програма“, ги откри плановите за Фактор, Срачини. Одлуката за тоа каде ќе одмара лидерот на опозицијата Зоран Заев, ќе ја донесе неговото семејство. „Се уште немам донесено одлука. Турција, Грција или Хрватска, но семејството ќе донесе одлука за тоа“, изјави Заев. Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ веќе бил на летување. „Со семејството веќе бевме на летување во Грција“, изјави Манчевски Виктор Мизо, директорот на слободните индустриски зони, нема да оди на летување. „Најверојатно ќе поминам неколку викенди во Охрид. За одмор не сум сигурен дали ќе имам време одговори Мизо за Фактор.. Дарко Ангелов, кој досега беше амбасадор во Унгарија, летото ќе го мине во Македонија. „Со оглед дека неодамна со сопругата се вративме од Унгарија, најверојатно ќе одиме само на викенд прошетки во Македонија. Од Охрид, Маврово па до Берово, изјави Ангелов. Директорот на Лотарија на Македонија, Владимир Бахчовановски се уште одбира дестинација за летување која ќе биде недалеку од Македонија. „Уште не знам. Во секој случај ќе биде некаде во близина бидејќи имам мали деца кои не можат да се возат со автомобил или автобус повеќе од три часа, а авион не поднесуваат“, изјави Бaхчовановски за Фактор. Аналитичарот и универзитетски професор Јове Кекеновски, пак кратко одоговори дека ова година нема да оди на летување. Директорот на Македонски Шуми, Жарко Караџовски вели дека како и неколку години наназад и оваа година нема да летува. „Нема да одам никаде на летување. Оваа година останувам на работа како и многу години пред оваа“, изјави Караџовски за Фактор. Ако успее да најде слободно време, битолскиот градоначалник Владимир Талески ова лето има намера да се посвети на пишување  на филмско сценарио. „Планот би бил ’активен одмор’ во историскиот, културниот, филмскиот град - Битола и пишување на една вечна, а нова филмска приказна. Има убави места за уметничка инспирација во Битола на Пелистер“, одговара Талески за Фактор. Н.С.