Факултетите, енергетиката и спа-туризмот најинтересни за катарските инвеститори
Објавено во: Економија 28 Јануари, 2013 14:38
Отварање на амбасада во Скопје и формирање Мешовит комитет за економска соработка меѓу Македонија и Катар е епилогот од денешната средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој отпатува во Доха и катарскиот емир Хамад бин Калифа ал-Тани.
Како што пренесе МИА, вршителот на должност Султан бин Саад ал-Мреокхеј, веќе е во Скопје и ги прави сите подготовки амбасадата на Катар да биде отворена во најкратко време.„До само пред три години немавме склучено никаква билатерална спогодба со Катар. По интензивните контакти правната рамка меѓу двете земји е оформена, а во таа насока денеска е потпишан и Меморандумот за разбирање во сферата на туризмот“, рече Иванов.
За време на средбата се разговарало и за катарски инвестиции во Македонија, а Катарците пројавиле интерес за соработка во сферата на високото образование, но и во областа на културата. Во меѓувреме инистерот за економија Ваљон Сарачини, кој заедно со претседателот на Република Македонија допатува во Катар, надвор од официјалната програма денеска имаше средба со генералниот и главен извршен директор на Катар Холдинг, Ахмад Мохамед Ал-Сајед. Притоа се разговарало за енергетските и туристичките инвестициски проекти, а најголем интерес кај оваа компанија, која инаку бележи голем раст со бројните инвестициски проекти во над 30 земји во светот, предизвика докапитализацијата на АД ЕЛЕМ, ски центарот Попова Шапка, како и изградба на голем спа комплекс преку добивање на концесија за термоминерална вода. Чебрен и Галиште, како и проектот Вардарска долина се дел од енергетските проекти за кои постои интерес да се најдат во богатото портфолио на Катар Холдинг, доколку се реализира влезот на оваа компанија во електроенергетскиот сектор во Република Македонија.
Министерот Сарачини информираше дека по изборот на консултант, ќе биде направена анализа и ќе биде предложена најдобрата структура за докапитализација на АД ЕЛЕМ, по што ќе се распише јавен повик за докапитализација, а во делот на спа туризмот. Тој ја објасни поедноставената постапка за концесии во делот на минералните богатства, овозможена со новиот закон за минерални суровини, a потпиша и меморандум за разбирање за туристичка соработка и соработка на стопанските комори на двете земји.
Македонија и Катар досега имаат потпишано договори за избегнување двојно оданочување, за соработка во сферата на образованието, во земјоделството и за заемна заштита на инвестициите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





