19 Декември, 2025
0.0386

Факултетлии колку население на цел еден град седат дома без работа

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2019 06:59

Добивај вести на Viber

Дека и со завршено високо образование тешко се доаѓа до работно место во Македонија, покажуваат и статистичките податоци.

Во третиот квартал од 2018 година, во Македонија се евидентирани 23.803 невработени лица со високо образование. Овој податок е објавен од Државниот завод за статистика.

Една година претходно или во 2017 година, без работа биле 24.444 луѓе со завршено високо образование во истиот квартал. Тоа е еднакво на населението во некој од помалите градови од Македонија.

„Тешко им е на луѓето со високо образование да добијат работа, затоа што работните места им ги земаат луѓето кои се со понизок степен на образование. Ниту во приватниот сектор, ниту во јавниот нема добри плати за кадрите со високо образование. Се бараат компетенции, но тоа е веќе друго прашање. Ние кога бевме млади тргнувавме на работа за каква било работа, но сега работите се многу сменети. Познавам многу луѓе со факултет кои се без работа. Младите сакаат убав автомобил, убав стан, убав живот, а тоа можат да го добијат само со работа надвор од Македонија“, вели Лилјана Полеска, социолог.

Таа додава дека ниските плати не ги мотивираат младите, напротив ги тераат да бараат излез надвор од државата.

За работа, потребна е помош од партија, инаку сиот труд е џабе, вели 27 годишна млада девојка од внатрешоста со завршено високо образование.

Таа додава дека на ваков начин Македонија ќе ги изгуби квалитетните кадри, затоа што квалитетот не се цени, напротив политизацијата е навлезена во секоја пора на општественото живеење.

„Воопшто не се наоѓа работа, сѐ е исполитизирано, колку и да си квалитетен, колку и да се трудиш. Ако не си поддржувач на одредена партија, ќе си седиш дома. Грешката кај нас е што ние не знаеме да си го цениме квалитетот, и полека квалитетот си заминува. Сите чекаме шанса да си заминеме од Македонија за подобар живот и подобри услови. Пак ќе кажам, можеби и таму не цветаат рози, но трудот се исплаќа. Koга би можела да се иселам веројатно тоа би било во Германија“, вели таа.

Во Македонија има и многу високо образовани луѓе кои и по една деценија и повеќе се со статус невработени. Некои бараат исклучиво работа по струка, но нивните обиди и по години остануваат безуспешни.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?