За да врзе крај со крај на Македонецот му фалат 200 евра месечно!
Објавено во: Анализа 29 Април, 2014 08:12
Според најновиот Извештај за глобалниот развој на Светска Банка, во 2012 година околу 140.000 луѓе во Македонија живеат со помалку од 2 долари на ден, односно во сиромаштија. Во Извештајот стои дека во однос на годината претходно има пораст на оваа ранлива категорија на луѓе.
Според последниот извештај на Државниот завод за сатистика за лаекен индикаторите за сиромаштија, стапката во 2011 година изнесувала 27,1 %, - бројка која ја сочинуваат лица со ниски приходи. По категории на граѓани, стапката на сиромаштија е најголема кај невработените - 48,7 %, 10 % од вработените граѓани се сиромашни, а кај пензионерите стапката на сиромаштија е 12,8%. Според резултатите од овој европски модел на пресметување на сиромаштијата, голем дел од граѓаните не можат да си дозволат ниту основните животни потреби.
Во извештајот стои дека 37,9% од граѓаните имаат потешкотии со плаќање на кредити, станирини комунални сметки. 72,2 % од населенито не можат да си дозволат да платат еднонеделен одмор во текот на годината, а 56,9 % од Македонците не можат да си дозволат да платат јадење со месо, риба или вегетирајанска храна секој втор ден, 64,3 % од граѓаните не можат да се соочат со неочекуван трошок и да го платат со сопствени средства, 26,9 % немаат пари соодветно да си го затоплат домот, а 22,8 не можат да поседуваат автомобил.
Месечната бруто-плата во февруари изнесува 30.662 денари
Просечната бруто плата во февруари годинава изнесува 30.662 денари, односно за 0,1% повисока од истиот период лани.Според статистичките податоци зголемувањето се должи на зголемувањето на просечната месечна бруто плата исплатена по работник во секторите: Рударство и вадење на камен (13.8%), Градежништво (8.5%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.8%). Од друга страна намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (7.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.6%) и Рударство и вадење на камен (5.0%). Во февруари 2014 година, 1.3% од вработените не примиле плата.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





