19 Декември, 2025
0.0509

ФАЛАТ ЗАНАЕТЧИИ: Ќе немаме кој да ни поправи бојлер или електрична инсталација

Објавено во: Економија 14 Декември, 2018 06:28

Добивај вести на Viber

Имаме недостиг од сите занаети, но најмногу од завршните занаетчиски дејности во градежништвото (водоводџии, паркетари, плочкари, молери, столари), сервисери на апарати за домаќинство, електричари, електроинсталатери, ѕидари, кровопокривари, бравари, заварувачи, оџачари, вели Снежана Денковска, директорка на Занаетчиската комора.

Ќе дојде ден кога занаетчијата ќе биде поплатен од многу други професии, сметаат оттаму. 

„Поради недостиг на занаетчии, цените на занаетчиските услуги ќе растат и за кратко време ако не се превземат мерки за стимулирање на занаетчиството и спречување на сивата економија ќе немаме кој да ни поправи бојлер или да ни направи поправка на електрична инсталација. Генерално недостаток на занаетчии има во цела Македонија, потребно е да се подигне имиџот на средното стручно образование и занаетчиството за да младите гледаат перспектива во стручното образование и занаетчиските бизниси и можност за градење кариера“, вели Денковска.

Но, нагласува дека преку средното образование може да се делува за младите да имаат интерес за занаети.

„Како што споменав намалениот имиџ на средното стручно образование и воопшто занаетчиството и неквалитетното средното стручно образование кое не може да разбере дека учениците се производ за пазарот на труд и не може да добие диплома која не одговара на нивното применливо знаење, немаат вештини и немаат компетенции.  Мора да се воведе дуален систем на образование и учениците да одат на практична обука кај работодавачите во текот на наставата и за време на распустот (феријална пракса) за да по завршувањето бидат спремни да се вклучат во процесот на работа. Мора да се поддржат финансиски работодавачите за да се стимулираат да примаат ученици на пракса, чираци и практиканти, но мора да имаат даночни и царински олеснувања, но и друга финансиска поддршка. Занаетчиството недоволно е поддржано и од Владата на РМ и од локалната самоуправа“, смета Денковска.

Состојбата е слична и во регионот. Потребни се занаетчии и поради тоа оние кои имаат вакви знаења и вештини можат да дојдат до добра заработка. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?