Фалсификуван допис пратен од државниот секретар Несторовска повикува граѓани во полиција
Објавено во: Македонија 20 Април, 2020
Фалсификуван е дописот потпишан од мене, реагира државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска, на фејсбук. Во објавите стоело дека дописот бил пуштен преку електронска пошта, а преку него таа наводно повикува граѓани да дојдат на распит во полиција. Тоа, според неа е за да се предизвика вознемиреност кај граѓаните.
„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира, фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните !“, вели таа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.