05 Декември, 2025
0.0791

Фасадирањето во барок продолжува, колку пари ќе чини?

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2014 08:16

Добивај вести на Viber

Фасадирањето на зградите во центарот на Скопје во неокласицистички стил, продолжуваат и во оваа 2014 –та година. Прва за реконструкција ќе биде фасадата на зградата број 9 на улицата “Никола Вапцаров”. Градските власти кон крајот на месец декември минатата година го потпишале договорот со градежната компанија “Бауер БГ”, за реконструкција на фасадата на оваа зграда. Идејното решение е на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставрески, кои се креатори и на другите барокни фасади на зградите во централното градско подрачје. За реконструкција на оваа фасада, Градот Скопје ќе плати околу 350 илјади евра. Следни за реконструкција ќе бидат зградите со број 2-4 и 12, исто на улицата “Никола Вапцаров”, а потоа зградите со број 22-24 на булевар „Димитрие Чуповски“ и со број 25, 35 и 001 на улица „Македонија“. Основните проекти за реконструкција на фасадите на 23 објекти во центарот на Скопје ги изработија компаниите фирмите „Архитектоника“ од Скопје и „Проинг Љубе“ од Битола. Во февруари минатата година, Градот склучи договор со компанијата “Архитектоника”, во вредност од 160 илјади евра, за изработка на основен проект со вклучена ревизија за реконструкција на фасадите на постојните објекти во централното градко подрачје, поточно на улиците “Македонија” и “Димитрие Чуповски”, а според идејното решение на Жарко Чаушевски. Битолската фирма „Проинг Љубе“, лани, Градот ја ангажираше за речиси 30 илјади евра, исто така за изработка на основен проект според идејното решение на Звонко Ставревски. Фасадирањето е предвидено и со развојната Програма на Градот Скопје Реконструкцијата на фасадите на зградите во центарот на Град Скопје ќе продолжи и во следните 3 години. Според Програмата за развој, за оваа намена во годинешниот буџет на Град Скопје се предвидени близу 2,3 милиони евра, во 2015 година околу два милиони евра, а во 2016 за реконструкција на фасадите се предвидени 2,1 милиони евра. Стилскиот правец е неокласицизам.
Целта на на оваа активност е да се изврши обновување на фасадите на зградите кои гравитираат во централното градско подрачје, односно околу градскиот плоштад, со што ќе се овозможи свеж и обновен изглед на центарот на градот, кој е особено привлечен за странските туристи. Дел од средствата потребни за обновување на фасадите се обезбедени преку капитални дотации од Буџетот на Република Македонија, објаснуваат од Градот во образложението на Буџетот на Град Скопје за 2014 година.
Во ланскиот буџет за реконструкција и промена на надворешниот изглед на постоечките зданија во центарот на Скопје беа издвоени нешто повеќе од 1,8 милиони евра. Со ваквиот став не се согласува дел од стручната јавност. Според нив, точно е дека на некои од фасадите им треба реконструкција, но не и промена на автентичниот изглед.
Станува збор за политика на насилство која преку уметноста ги присвојува стварноста и историските факти кои во неа се впишуваат. Од една страна се извршува системска репресија во однос на идентитетскиот избор, а од друга се симулира спас на нацијата и на општествениот систем. Правото на град, правото на урбан живот е укинато. Она што е иманентно на урбаноста, а тоа евпишувањето на времето во просторот, е доведено до шизофрена парализираност, изјави пред неколку дена за Фактор Искра Гешовска, претседател претседател на Контрапункт Јадро
Колку пари се потрошија досега за нови фасади? Повеќе од половина милион евра за потрошија за реконструкција на фасадите на објектот “Пелистер” и објектот на кафулето “Тренд”. На обејктот “Пелистер” е реконструирана површина од 1.200 метри квадратни. Завршницата на фасадата е од дробен траветински камен, а на места од бакар и ковано железо. На објектот над кафулето “Тренд” се реконструираше челниот дел,кој гледа кон плоштадот Македонија. Се обнови површина од 210 метри квадратни, со природен материјал стакло и изолација. Реконструкцијата на ова фасада чинеше околу 60 илјади евра, а гардежните работи како и на објектот “Пелистер”, ги работеше компанијата “Бауер БГ”. Кон средината на месец декември 2012-та година, Градот склучи договор со Друштвото за проектирање ,градежно-занаетчиски работи и услуги “Инком инженеринг” од Скопје, за реконструкција пет објекти на улиците “Никола Вапцаров” и “Димитрие Чуповски”, во вредност од 55 илјади евра. Кои се следни за фасадирање? Пред една година во Програмата за развој, Градот најави дека ќе се реконструираат речиси сите фасади во централното градско подрачје, а кај некои дури во образложението освен зборот реконструкција, пишуваше и дека ќе претрпат доградби. Освен зградите на улиците “Македонија”, “Никола Вапцаров” и “Димитрие Чуповски”, со фасадирањето во неокласицистички стил, според развојната Програма ќе бидат опфатени и објектите по должина на улиците на улиците “11 Октомври” и “Максим Горки”. Ново руво ќе добијат и зградите околу плоштадот Карпошево востание, фасадите по должина на булеварот Илинден, односно од Влада во фонтаната во Градскиот парк и објектите на Кејот 13-ти Ноември. Според планот, реконструкцијата прво ќе почне од кулите во Градскиот трговски ценатр, а потоа кај Карпошево востание. На ваквите планови на Градот, уште кога се најавија реконструкциите, остро реагираа опозициските советници. Тие побараа да се запре со пресликувањето на зградите и да се спаси старото и репрезентативно Скопје. Од Градот тогаш образложија дека потребата од реконструкцијата на овие објекти е поради дотраеноста на фасадите и градбите на овие локации. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите