19 Декември, 2025
0.0425

Фатмир Бесими: Мора да се продава државен имот, бидејќи нема простор за задолжување

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020 13:25

Добивај вести на Viber

Фатмир Бесими, министерот за финансии, на денешниот прв ден од расправата за Предлог-буџетото за 2021 пред комисијата одговарајќи на реплика рече дека државата мора да го продава својот имот, бидејќи повеќе нема простор за големи задолжувања.

- Оние претпријатија кои ќе се понудат на продажба или како јавно-приватно партнерство сега претставуваат дополнителен товар за буџетот, а тоа значи помалку пари за развој. Формите како јавно-приватно партнерство и инвестициски фондови се нови начини на финансирање. Таков е и планот на Вархеи од 9 милијарди евра за Западен Балкан и привлекување на дополнителен финансиски капитал, рече Бесими од собраниската говорница, бранејќи го Предлог-буџетот за 2021.

Министерот тврди следната година растот и развојот нема да може да се финансира само преку задолжување.

- На среден рок треба да имаме добра стратегија за фискална консолидација. Одредени јавни претпријатија се само дополнителен товар за буџетот, а од друга страна имаме  јавниот долг кој не треба да се зголеми, смета Бесими.

Премиерот Зоран Заев веќе најави дека интерес за продавање на дел од државните компании и тие во кои државата е доминантен сосптвеник и дека очекува да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар