05 Декември, 2025
0.0350

„Фени Индустри“ ќе ги исполни еколошките стандарди до април

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2013 22:06

Добивај вести на Viber

Според најавите на надлежните, до крајниот рок во април 2014 година, индустрискиот капацитет „Фени Индустри“ ќе ги исполни барањата за задолжителните еколошки стандарди. Денеска во посета на овој објект беше делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, каде се разговараше за мерките кои се преземат во „„Фени Индустри“  за заштита на животната средина. Пред министерот Абдилаќим Адеми,  раководството на компанијата  презентираше до каде е спроведен Оперативниот план за усогласување со одребите за добивање на А -Интегрирана дозвола. Информираа дека 16 од потребните 18 точки од Оперативниот план се реализирани, па оттука во бараниот рок ќе ги исполнат задолжителните еколошки стандарди. „ Со запазување на еколошките стандарди кои се наш приоритет и со употреба на алтернативни горива кои сметаме дека се иднината на индустријата, не само што придонесуваме за заштита на животната средина и заштеда на минералните ресурси, туку придонесуваме и за намалување на производствените трошоци. Тоа е особено важно во услови на глобална економска криза кога ниската цена на никелот не оптоварува. Но не правиме отстапки во интерес на екологијата“, рече генералниот директор на „Фени“ Константинос Даскалакис. Од аплицирањето за А-интегрирана дозвола, па досега за екологија компанијата инвестирала вкупно 12 милиони евра, додаде Даскалос кој појасни дека до април ќе треба да се вложат уште  3 милиони евра. Адеми пак потсети дека „Фени“ е прва компанија која аплицирала за А-интегрирана дозвола во 2005 година и ја добила три години подоцна. За Владата,смета Даскалос, важни се економијата и отворањето на нови работни места, но мора да се исполнуваат еколошките стандарди.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите