09 Октомври, 2024
0.0278

„Фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети“: Божиновска од конференција за чиста енергија

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на дводневната Конференција за чиста и безбедна енергија

Во улога на говорник, министерката се обрати во програмата за министерски забелешки на која се дискутираше за предизвиците на регионот од Балканскиот полуостров до Централна Азија, на патот кон зелената транзиција, креирање поволни политики кон изградба на нови обновливи извори и енергетската безбедност.  

- Земјите од регионот вклучувајќи ја и Македонија решително чекорат кон енергетската транзиција.  Напорно работиме целосно да го усогласиме домашното законодавство со европските регулативи. Подготвуваме фер пазар за влез на нови странски инвестиции во обновливи енергетски капацитети, целиме кон нови технологии, но огромен  стратешки приоритет е изградбата и диверзификација на нови обновливи извори во државна сопственост. Она што во наредниот период дополнително ќе се посветиме е подготовка на терен за изградба на батерии за складирање на произведената енергија од обновливи извори –  рече Божиновска.

Божиновска нагласи дека не постои држава во Европа што не ги чувствува последиците од украинско- рускиот конфликт кој претстојнава зима може да се одрази  на пазарот за гас и електрична енергија и директно да влијае на глобалната енергетска безбедност.

- Значителното штета која во текот на воените дејства ја претрпи енергетската инфраструктура на Украина, и потребата на земјата од електрична енергија претстојната зима, може  да ги раздвижи цените на енергентите на европскиот пазар. Затоа очекувам дека оваа конференција  ќе продуцира заклучоци и пораки врз кои ќе се креираат дополнителни превентивни политики на сите засегнати држави од регионот, во соработка со Соединетите Американски Држави како  наши стратешки партнери - подвлече Божиновска.  

Во истиот дел од програмата,  Божиновска се обрати заедно со своите колеги Ахмет Берат Чонкар, заменик министер за енергија и природни ресурси на Турција, Џефри Р. Пајат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт департментот на САД,  Камал Мохамад Салих Калил, министер за електрична енергија и вд министер за природни ресурси во Курдистански регион во Ирак, потоа Џорџ-Сергиу Никулеску, претседател на Романското регулаторно тело за енергетика (ANRE), Берис Екинџи, турски заменик министер за надворешни работи и  Метју Болдвин, заменик-генерален директор во Генералниот директорат за енергија при Европската комисија.

Конференцијата во организација  на Програмата на Атлантскиот совет за Турција,  во партнерство со Глобалниот енергетски центар , собра министри, функционерина високо ниво, лидери во  приватниот сектор и експерти од целиот регион, како и од трансатлантската алијанса. Во дискусиите на конференцијата,  се разговараше и за регионалните проекти, со акцент на  Средниот коридор кој подразбира намалување на зависноста на регионот од руски гас, како и регионалните безбедносни и геополитичките прашања од Украина до Блискиот Исток и изборите во САД.

Се очекува дводневниот настан  да ги означи следните чекори за унапредување на чистата енергија, зајакнување на енергетската безбедност и поттикнување на декарбонизацијата во енергетски систем.

Можеби ќе ве интересира

ТОВАРНИОТ СООБРАЌАЈ НА ТАБАНОВЦЕ ВО „ЛЕР“: поради реконстркции на инфраструктурата подолго се чека за излез од земјава

ТОВАРНИОТ СООБРАЌАЈ НА ТАБАНОВЦЕ ВО „ЛЕР“: поради реконстркции на инфраструктурата подолго се чека за излез од земјава

НОВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ФОЛКСВАГЕН ЌЕ ЧИНИ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА - позната фабрика има план за продажба на најновиот модел

НОВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН ФОЛКСВАГЕН ЌЕ ЧИНИ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА - позната фабрика има план за продажба на најновиот модел

АКО НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК НА ИМОТ И ФИРМАРИНА, ГРАДОТ ЌЕ ВИ ЈА БЛОКИРА СМЕТКАТА: Градските власти излегоа со соопштение

АКО НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК НА ИМОТ И ФИРМАРИНА, ГРАДОТ ЌЕ ВИ ЈА БЛОКИРА СМЕТКАТА: Градските власти излегоа со соопштение

Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ - Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ - Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“

Енергетичар од Унгарија стана сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар

Енергетичар од Унгарија стана сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж