09 Октомври, 2024
0.0335

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ добил исплата на само еден аванс минатата година од државата. Ова го пишува во ревизорскиот извештрај на ЈП Државни патишта за 2023, каде стои дека изведувачот на автопатиштата од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д бил исплатен само со почетен аванс од 50 милиони евра, односно 3,074,750 денари.

Останатите пари од оние околу 250 милиони евра што Министерството за транспорт и врски тогаш му ги исплаќаше на „Државни патишта“ за овој проект, останале на сметката на јавното претпријатие без да се префрлат кај „Бехтел и Енка“.

Практично, американско-турскиот конзорциум минатата година работел само со овие 50 милиони евра, а прашање е и дали со толку, бидејќи околу 20 милиони евра се пријавените приходи во билансот на работењето на „Бехтел и Енка“ во Македонија за минатата година кога и започна реализацијата на договорот што беше озаконет во Собранието, но остана тајна за јавноста.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во август годинава рече дека на „Бехтел и Енка“ нема повеќе да му се плаќа авансно. Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.

– Илузорно е да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знаете дека нема да ги реализирате и тие на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки – рече Димитриеска-Кочоска. Таа додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да се плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.

Владата на седница што се одржа во јули донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на делницата Гостивар-Букојчани од Коридорот 8 од дополнителни 252,7 милиони евра. Според заклучокот на Владата тие средства не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираа тогаш од владината прес-служба.

Во програмата на ЈП „Државни патишта“ за 2024 е наведено дека за проектот на „Бехтел и Енка“ се предвидени годинава да се реализираат повеќе од 250 милиони евра, но во првото тромесечие од 2024, според објавениот квартален извештај, реализирани се само 5,3 милиони евра (320.203.705 денари) за американско-турскиот оператор.

Оваа година нема ниту една трансакција од државниот буџет на сметката на ЈП „Државни Патишта“ за потребите на „Бехтел и Енка“ во изградбата на автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола. Проекциите се дека целиот договор ќе чини 1,3 милијарди евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ЕВЕ КОГА ЌЕ ЛЕГНАТ ПАРИТЕ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Се знае за што ќе се користат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот