09 Октомври, 2024
0.0284

ИНТЕРВЈУ САШКО ДАЕВ: Нашите граѓани препознаваат квалитет, иновативност и стручност, затоа РЕХАУ Македонија ќе продолжи да расте

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Препознатливи на македонскиот пазар по врвниот германски квалитет, и иновативноста, производите на РЕХАУ се наметнаа како одличен избор кој овоможува и плус заштеда за корисникот. Во ера кога многу се зборува за енергетско ефикасни производи, како и топлинска и звучна изолација, РЕХАУ Македонија го има клучот на успехот преку понудата на полимерни прозорски решенија и производи од градежната техника кои го подобруваат комфорот, но влијаат и на потрошувачката во домот. И не само тоа, од компанијата имаат и новини. 

Во истата година кога РЕХАУ Македонија слави 25 години на пазарот, а групацијата РЕХАУ 75 години од основањето во Германија, беа отворени новите канцеларии со изложбен салон и магацин за материјали во населбата Илинден, во близина на Скопје.

Ова е ново деловно поглавје за компанијата која е еден од врвните брендови за решенија базирани на полимери во градежниот, автомобилскиот и индустрискиот сектор, со над 20.000 вработени ширум светот. Групацијата е присутна во 54 држави на повеќе од 174 локации.

Денес во РЕХАУ Македонија има речиси 30 вработени со импресивна мрежа на партнери во Македонија, но и Косово и Албанија, чии претставништвата се под РЕХАУ Македонија. За тоа како Рехау опстојува на пазарот толку долг период, зошто клиентите и деловните партнери го бираат овој бренд пред другите и зошто му укажуваат толку висока доверба, за тоа колку се инвестира и како се прави тим од задоволни вработени, но и за многу други интересни најави и планови за иднината од компанијата, Фактор разговараше со Сашко Даев, директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

Годинава одбележувате 25 години од почетоците на РЕХАУ намакедонскиот пазар со отворање на нов изложбен и деловен простор. Каква е позицијата на РЕХАУ на пазарот денес?

Даев: Во 1999 година, само со еден ангажиран вработен, односно јас, почнавме да работиме на пазарот во Македонија, и набргу, после околу девет месеци, се основаше претставништвото во Македонија, со седиште на Октомвриска револуција, во населбата Тафталиџе. Работите брзо се развиваа, и ние почнавме да вработуваме повеќе луѓе за разните сектори. Денеска РЕХАУ Македонија, заедно со своите претставништва во Косово и во Албанија брои 27 вработени на овие три пазари. Всушност, РЕХАУ Македонија од 2005 година официјално стана задолжен и за пазарот во Албанија, а со претставништвото претходно и задолжен за пазарот во Косово. Во Косово имаме четворица вработени, одговорни за тамошниот пазар, а во Албанија имаме двајца вработени, со тенденција тој број да расте, бидејќи албанскиот е брзорастечки пазар. Позицијата на РЕХАУ Македонија на овие пазари, во зависност од земјите, е различна.
Само како еден податок, тука во Македонија, уделот на пазарот на ПВЦ профили, односно на прозорски системи од вештачки материјал, е од 22 до 25 проценти. Ова значи дека со текот на годините РЕХАУ се изгради во еден доверлив, премиум квалитетен бренд, којшто го препознаа првенствено производителите на прозори, а и крајните клиенти.
Рехау има 174 продажни места во 54 земји. Тоа значи дека европскиот пазар е комплетно покриен. 

Вие сте едни од ретките, а можеби и единствени што имате изложбен салон каде може да се видат и производите кои ги нудите. Колку очекувате тоа да им помагне на крајните купувачи или инвеститори во одлуката?

Даев: Точно, РЕХАУ е една од ретките компании, директни производители кои со своја фирма ќерка се присутни во Македонија. Во нашиот сектор на производство на ПВЦ профили, односно системи за прозори, ние сме единствена компанија што има своја фирма во Македонија. За жал, а за наше добро, другите не го препознаа пазарот, мислејќи дека тој е мал. Но, секогаш треба да препознаете две работи, односно, може да имате мал пазар, но квалитетен пазар. Во Македонија е едноод најуспешните бироа на РЕХАУ во Евопа, и тоа се мисли според прометот по број на жители. Луѓето знаат што сакаат и се информирани. Во Македонија и Косово, бидејќи и двете сегашни држави потекнуваат од поранешна Југославија, нивните граѓани знаат што е квалитет. Знаеме дека како заедница во поранешна Југославија имавме некои стандарди, кои беа многу блиски на стандардите на западноевропските земји. Тоа беше ЈУ стандардот, кој беше доста идентичен со ДИН стандардот, германскиот стандард за квалитет.

Изложбениот простор што сега го отворивме е многу битен. Во време на дигитализација, во кое сите информации ви се достапни, сепак, човечкото око, но и допирот, носи многу поинаква перцепција на производите. Токму затоа преку овој изложбен салон само се потврдува она за што ние дигитално го информираме пазарот, или директно им го кажуваме на нашите клиенти. Тоа значи дека на крајните клиенти им е многу полесно и побрзо да решаваат кога ќе видат нешто со свое око и кога ќе го допрат. Тоа го овозможува овој наш изложбен простор, кој не е многу голем, но е доволен за да се долови секој производ кој ние го нудиме на пазарот. РЕХАУ има многу производи, во многу индустрии, бидејќи е поделен на повеќе дивизии. Ние овде ги работиме дивизијата за прозори, дивизијата за градежна техника, дивизијата за водоснабдување и одводнување, и во последно време и дивизијата за индустријата за мебел. Примарни две дивизии во оваа компанија кои го обработуваат пазарот со доволен број вработени се дивизијата за прозорски солуции и за градежна техника.

Самиот изложбен простор, секогаш на своите крајни клиенти ќе им ги нуди најновите производи кои се моментално во тренд. Значи, да, дефинитивно е полесно да се одучува кога постои изложбен салон. И не е само изложбениот салон, туку и целиот овој објект е изграден по највисоките стандарди што се однесува до прозорски системи, и до водовод, греење, ладење... Овој објект ги има вградено сите тие системи, така што нашите клиенти не само што може да видат и да опипаатпроизводот, туку тие можат и да го почувствуваат комфорот што тие производи го обезбедуваат, независно дали ќе влезат во лето или во зима во овој простор.

РЕХАУ Македонија е и комплетен регионален провајдер за пазарите во Косово и во Албанија. Како овие пазари ги прифаќаат производите на РЕХАУ?

Даев: Во Македонија и Косово перцепцијата на нашите производи е на речиси исто ниво, со тоа што мрежата на клиенти во Македонија е многу поголема. Но, перцепцијата за квалитетен прозор, а особено квалитетни системи, кога ќе кажете „Made in Germany“, на овие два пазари е сосема поинаква отколку во Албанија. Албанија е пазар кој долго време не бил обработуван од ниедна компанија во градежниот сектор, за во последните неколку години, со развојот на туризмот оддеднаш има најголем раст на примената на квалитетни производи, меѓу кои и нашите. Тоа ние го гледаме и според бројот на клиенти што ги добивме во последните две-три години. Значи, Албанија е брзорастечки пазар, особено за градежните компании, бидејќи се градат хотелски комплекси, комплекси на вили и слично. Градежништвото е во огромен подем во Албанија, и перцепцијата на квалитетен бренд како РЕХАУ е се поголема и поголема. Косово го имаше тоа уште од претходно. Само ќе ви кажам еден податок, дека Македонија и Косово имаат заедно околу 3,8 милиони жители, но уделот на системот кој се продаваше пред АРТЕВО, а тоа беше прозорскиот систем ГЕНЕО, беше најпродаван од сите земји во Европа. Ние имаме повеќе видови прозорски системи, со енергетска ефикасност „од – до“, но најдобриот систем, со највисока енергетска ефикасност, ГЕНЕО имаше удел на продажба со над 35 отсто на овие два пазари. Тоа укажува дека луѓето, односно крајните клиенти на овие два пазари, знаат што е квлитетно. Не штедат за да го вградат во својот објект, бидејќи знаат дека многу повеќе добиваат со вградување на системот.

Имате интересен слоган, може ли да ни кажете што подразбира „Инженерски напредок. Подобрување на животите“?

Даев: Постојаното усовршување и надградување на производите, за да се подобри и олесни животот на секој корисник на тие производи. Затоа што најскапото нешто во животот е времето, а ние иновираме за да ви го заштедиме времето.Со нашето незаменливо искуство, дигитално знаење и длабоко разбирање на барањата на клиентите, го правиме животот поздрав, побезбеден и поудобен. Нашите основни вредности: иновации, доверба и доверливост се водечките принципи во нашата соработка со вработените, партнерите и клиентите. Секојдневно работиме неуморно со нашите клиенти за да ги надминеме техничките бариери, да ги направиме иновациите попристапни и да постигнеме раст на бизнисот базиран на вредност. Никогаш не прифаќаме не за одговор. Поместувањето на границите е дел од нашата ДНК. Ние создаваме производи и решенија низ целиот синџир на вредности кои го движат светот кон подобро утре.

Ги користиме можностите на светот што се менува за да создадеме решенија за индивидуалните потреби, да поттикнеме разновидно општество и да преземеме одговорност за прашањата за животната средина. Нашите клиенти можат да се потпрат на долготрајни производи со највисок квалитет и високи стандарди за услуги. Ние се стремиме да ги направиме домовите и работните места попаметни за луѓето да можат да се фокусираат на она што е навистина важно и да имаат време за важните работи во животот.

Одржливоста е актуелна тема во последните години. Како РЕХАУ ја поттикнува одржливоста?

Даев: Кружната економија во РЕХАУ се применува многу одамна, од самите почетоци. Тоа го кажуваат и двете фабрики на РЕХАУ во Европа, за рециклирање на производите од полимери, кои придонесуваат да се намалат емисиите на CO2, и на тој начин се подобрува животот. Сите наши профили го имаат и сертификатот Еко плус, кој кажува дека овој производ е дел од таа кружна економија, што е многу битно во последните 15 години со глобалното затоплување. За РЕХАУ имплементацијата на циркуларната економија е нашиот одговор на ограничените ресурси и обврската за намалување на отпечатокот на СО2. Ова е од нашата стратегија за одржливост со која ги поддржуваме целите за одржлив развој на Обединетите нации, а крушната економина е една од  четирите клучни точки во неа. Ние сме посветени на одржлив раст, а тоа значи дека сакаме да постигнеме годишен раст од 1 до 3 проценти и да ја вклучиме одржливоста во сите одлуки. Имаме поставено цели кои се во насока на исполнување на нашата одредба да ги поттикнуваме различностите и да ја намалиме нееднаквоста. Еден од таргетите до 2030 година на глобално ниво, најмалку една од пет раководни позиции да биде пополнета од жена. Затоа и нашиот прв фокус е промоција на жената преку обуки и специфични развојни програми. Ние во РЕХАУ вреднуваме различни тимови и перспективи. Последната на нас клучна тема се решавањето на климатските промени, односно со иновативно, мрежно снабдување со енергија да дадеме свој придонес за позитивен одговор на климатските промени. Наша цел е во 2025 година да ги намалиме апсолутните емисии на СО2 од нашите погони во Европа за најмалку 30 отсто споредено со 2018 година.

Што ги издвојува прозорите со вашите профили од останатите на пазарот?

Даев: Нашите профили се произведуваат во Европа. Се произведуваат по највисок стандард и со најсовремени машини и производствени процеси. Не е само да го пласираш производот на пазарот, туку треба на крајниот клиент да му дадеш и решение како логистика. Решенијата за крајниот клиент, заедно со квалитетот на производот што го нудите, и заедно со значењето на сертифицираните производители кои што ги имаме, го заокружуваат тој процес. Ние во нашата организација имаме техничка служба, маркетинг, вработени кои се со огромно искуство, и по над 20 години во оваа компанија... Само би издвоил дека просечниот работен стаж на вработените во оваа компанија е околу 17 години, што говори дека сите тие години колку што се тука, се максимално посветени, а и компанијата за нив се грижи максимално, и тој процес е комплетно заокружен.
Кога имате задоволен вработен, имате и задоволен клиент, бидејќи ако е задоволен вработениот, го пренесува тоа и на крајниот клиент. Плус, нашите производители на прозори се постојано обучувани од наша страна, секогаш се информирани за новите производи пред да се презентираат на европскиот саем, а следењето на трендот во градежништвото многу придонесува да бидеме компанија препознатлива на пазарот. Ние сме компанија која што се грижи за пазарот комплетно.

При изборот на прозорци, можете да избирате повеќе од 400 можности за дизјан. Може да секомбинираат различни дизјани за надвор и внатре. Нашата програма КАЛЕИДО КОЛОР овозможува огромен избор на бои и дизајни. Имаме многу иновативни решенија, а би го споменал само нашиот SmartGuard–решени за превентивна заштита од провали.

Слоганот на вашиот најнов производ кај прозорските системи лансиран на македонскиот пазар, АРТЕВО е „фикцијата станува реалност“. Што значи тоа?

Даев: Кратенката АРТЕВО доаѓа од „artevolution“ или “еволуција на уметност“. Производот АРТЕВО е наследникот на прозорскиот систем ГЕНЕО, кој беше широко прифатен и од институциите во Македонија поради изолациските својства на профилот. Безброј училишта се направени со ГЕНЕО, а се надеваме дека тоа ќе продолжи и со АРТЕВО. Зошто? Затоа што и АРТЕВОкако прозорски систем ја имат најдобрата енергетска моќ, а тоа значи голема заштеда на топлина во зима, но и заштеда на енергија за ладење во лето, како и голема заштита од бучава. Тоа е она што денес ни треба на сите.

Што значи АРТЕВО? Замислата за совршен профил, кој ќе даде одлична енергетска ефикасност и дизајн, како и технички карактеристики на стабилен систем со кој можете да направите големи отвори, односно прозорски крила со висина до 2,80м.Тоа е АРТЕВО. Ние како компанија увидовме што е најбитно за еден прозорски систем од вештачки материјал, и се обидовме сето тоа да го склопиме во еден систем. Се надевам дека сето тоа го направивме успешно, бидејќи искуството од комбинација на разни материјали во еден систем од авионската и автомобилската индустрија, каде што исто така РЕХАУ е присутен, доведоа до тоа да се направи овој систем АРТЕВО. Тој е фактички составен од над 75 отсто стаклени влакна, што значи дека е самоносив систем. Во прозорските ПВЦ системи, за да се добие стабилност, мора да има внатре метално засилување, но во АРТЕВО за стандардни системи, нема таква потреба од метално засилување. Односно, за статички да се реши тој отвор, до висина од 2,45м. АРТЕВО тоа го постигнува без челични засилувања во профилот. Тоа значи полесен производ и една операција помалку во производството. Тоа е систем којшто може во комбинација со метално засилување да ја достигне големината на отвори како алуминиумот. Тоа е практично совршен систем, кој има многу поголема енергетска ефикасност од алуминиумот. Тоа е АРТЕВО. А со својот дизајн покажува дека техничарите и дизајнерите во РЕХАУ се потрудиле да направат нешто навистина посебно.


Дали и цената е атрактивна во однос на ова повисоко ниво на квалитет?

Даев: Цената е прифатлива во однос на тоа колку тој систем штеди и што му дава на корисникот. Секој сака да заштеди. Ќе даде сега нешто плус, но тоа многу бргу ќе му се врати назад како бенефит. Тоа е АРТЕВО. Значи, сега ќе дадете нешто ситно плус, но во текот на следните 10 години, повеќекратно ќе ви се врати преку различни начини. А комфорот, пријатниот амбиент е секогаш на прво место.

Освен со прозорски решенија, во Македонија сте присутни и со производи од градежната техника. По што се издвојувате во делот на градежната техника во однос на другите?

Даев: Градежната техника е малку покомплицирана од прозорските системи. Овде се работи за системи за подно греење, за подно ладење, таванско греење, таванско ладење, ѕидно греење, ѕидно ладење, водоводни системи... Еве во нашиот објект го имаме сето тоа и може да се види како тие функционираат. Кога влегувате внатре немате бучава од клима уреди, нема прав, нема потреба од радијатори и можете слободно да го уредите просторот.Буквално кога влегувате во просторијата, мислите дека се наоѓате во некој подрум во куќите на нашите баби и дедовци, кои имаат ѕидови од камења од еден метар. Мирно и пријатно. Ние се издвојуваме со нашето проектирање. Имаме вработени кои се занимаваат само со проектирање на тие системи за еден објект. Прифатеноста од компаниите е голема, па имаме дури и една компанија која долги години соработува со нас во делот на подно греење и водоводни системи. Сите овие системи треба да дадат еден квалитетен живот, како дома, така и во деловните објекти. Што всушност направи РЕХАУ? Само го продолжи тоа што порано го правеле Римјаните. Никој не си го поставува прашањето како се грееле објектите кај Римјаните. Под плочите имало канали низ кои што течела топла вода, така се грееле. Ние сето тоа само го склопивме во еден систем, со адекватни пресметки. Со тие системи се постигнува максимална удобност во тие објекти и се добива можност за поголема креација во уредувањето.

Цевните системи кои ги имаме, Rautitan, за питка вода се осмислени да нема мртви точки при спојувањата и цевката постојано се измиваи оневозможува талог и развој на бактерии. Треба да се посвети големо внимание низ што тече водата што ја пиеме и сме благодарни што ја имаме како питка вода, бидејќи тој ресурс и таа комоција да се пие водата ја нема секоја држава. Еден од најбитните моменти во еден објект не е само да го затвориш однадвор со прозор, туку и „крвните садови“ во тој објект треба да бидат доста квалитетни, за да нема запушување. И тука е важан изолацијата, да имате бесшумни одводни системи, а квалитетни. Лесно да се инсталираат. Тоа ние го нудиме на пазарот и сме среќни што секоја година расте бројот на клиенти кои што ги прифаќаат нашите системи во своите објекти.

Велите дека просечниот работен век на вработените во Рехау Македонија е 17 години. Знаеме колку е тешко да се обезбеди квалификувана и лојална работна сила во земјава. Како го мотивирате вашиот кадар да дојде и да остане во компанијата?

Даев: Секој вработен е битен во РЕХАУ. Ние самите формираме една алка, а за таа  да биде цврста, треба да биде здрава. Имаме одличен тим, кој е изграден врз добра основа и деловна поврзаност меѓу колегите, но и кон брендот што го претставуваат. Тие конекции понекогаш прераснуваат и во пријателства, како што реков просечниот работен стаж во нашата компанија е 17 години. Како едно големо семејство каде секој придонесува и ползува од меѓусебната комуникација, соработка и  колегијалност. РЕХАУ верува во својот тим и обезбедува одлучни услови за вработените. Имаме добар баланс во секојдневните операции, и што е особено важно компанијата обезбедува можности за понатамошен професионален развој и напредување. Ова е дополнителна мотивација за вработените. Секоја фирма мора да се грижи за своите вработени. Оделот за човечки ресурси  во РЕХАУима  важна улога, се следи и се оценува секој вработен, како неговиот квантитативен, така и неговиот квалитативен удел во процесот на работење во системот. Јас мислам дека сите тие елементи се нераскинливи и многу битни за еден вработен во здрава и успешна компанија.

Кои се идните планови на РЕХАУ Македонија, и од она што РЕХАУ го нуди глобално, што ново може да се очекува во вашата понуда во иднина?

Даев: Ние работиме во време на дигитализација. РЕХАУ веќе ги дигитализираше производите, но ние ги имплементираме на пазарот адекватно на ситуацијата на тој пазар. РЕХАУ и понатаму ќе работи на системи коишто го олеснуваат животот и го подобруваат неговиот квалитет, и ќе работиме на системи коишто нема да одземаат многу време.Со самото отворање на овој објект и нашето преселување тука, ние покажавме дека сме стабилна компанија на овој пазар, дека сме тука, и се надевам дека ќе останеме тука. РЕХАУ се обидува секоја година да имплементира нов производ, или да се фузира со некоја компанија.

Тоа го покажа и последната фузија на РЕХАУ со фирмата МЕПА од Германија, со цел да донесе уште еден know how во своето делување и да го презентира адекватно. Практично РЕХАУ ја презеде МЕПА, која што е многу силна компанија.Со ова превземањедивизијата градежна техника,во својот дел полека го заокружува процесот на понуда на производи.

Покрај цевните системи, сега има и вградливи и бесшумни казанчиња, производ кој е навистина многу иновативен. Тоа е nextVIT,новите предѕидни системи.

Од аспект на прозорските решенија, фокусирани сме да ги обезбедиме производите и од еден извор што дополнително овозможува максимална ефикасност по целиот синџир на вредност. Тоа е All in One Partner, со кој креирате различност во однос на понудата, но овозможува и развој на бизнисот за нашите партнери. Иновациите и инспирацијата обезбедуваат одржлив успех и за во иднина, останувате суверен во бизнисот и секогаш имате нови решенија и нови бизнис модели. Тоа е една уникатна ефикасност која ја нудиме за нашите партнери, затоа што РЕХАУ е пионер во одржливост и ќе истане таков.

РЕХАУ има во својата групација и REHAUNew Ventures, којашто исклучиво се занимава со стартапи, односно ги презема, ги развива, и после тоа ги осамостојува. Значи, РЕХАУ мисли на иднината и на младите. REHAU New Ventures, е водена од господинот Нилс Вагнер, син на основачот и еден од браќата сопственици на оваа компанија, и се надевам дека во иднина уште повеќе и повеќе ќе се оди и на развој на нови стартапи, кои главно носат иновативни решенија и се водени од млади луѓе.

И на крајот,сакам да да потенцирам дека без нашите партнери, целата оваа успешна приказна не ќе беше возможна. Нашите партнери од Македонија, од Косово и од Албанија навреме ја увидоа разликата меѓу нас и другите понудувачи на пазарот и се одлучија за нас. Јас сум им крајно благодарен за довербата што ја дадоа кон оваа компанија. Без тие партнери и клиенти сето ова не ќе беше возможно, инемаше да славиме 25 години успешно досегашно работење, но и не би славеле идни 25 години. Затоа јас, би изразил една голема благодарност за нивната доверба. На прославата на 25 годишнината наградивме четири компании производители и гросисти, кои ги наградивме со една скромна плакета за 25 годишна успешна соработка. Јас сум им благодарен што дури и втората генерација на тие компании ја продолжуваат со нас соработката и се надевам дека таа соработка ќе трае уште долги години, бидејќи се темели на искреност, доверба и на взаемна обработка на пазарите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

Димитриеска-Кочоска: Комерцијалните банки нема да земаат провизија за администрирање на унгарскиот заем

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ - Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ДОЈДЕ ДО 350 АКЦИИ - Коста Котески го зголемува акционерскиот пакет во „Реплек“

Енергетичар од Унгарија стана сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар

Енергетичар од Унгарија стана сопственик на најтрофејниот фудбалски клуб Вардар

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

„Бехтел и Енка“ добил само еден аванс досега од државата

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ПОВЕЌЕ ГРАДИНКИ И ПОМАЛКУ ПРЕДРАСУДИ – еве зошто жените помалку работат, од „домашни обврски“ остануваат без стаж

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

ЕДНО ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЛИШТА ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Голем удар за љубителите на овој спорт

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

Најмлада, но далеку од најмала! Која е државната трговска фирма која направи 68 милиони евра приход за само 9 месеци!

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН: Дали ќе се комплицира и заминувањето на работници во странство?

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите

ШТО Е НАЈЕВТИНО А ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ ДОМОТ? Еве го објаснувањето од експертите