Фестивалот Golden Drum и Македонски Телеком ги објавија победниците на натпреварот за млади креативци
Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2025 17:20
Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот Golden Drum, со поддршка и партнерство на Македонски Телеком во Македонија се организираше натпревар за млади креативци на тема „Сруши ги предрасудите“. Како победничко решение беше избрана креативата на Ведран Шурбановски со креативата“Што ќе кажат комшиите?”, а Симона Симоновскасо“No thinking, no prejudices!” и Дејвид Трајановиќ со “Running out of Time?” ги освоија второто и третото место, последователно.

Победникот на натпреварот ќе добие влезница, хотелско сместување и покриени патни трошоци за фестивалот Golden Drum, кој ќе се одржи на 13-ти и 14-ти октомври во Порторож, Словенија. Авторите на второ и третопласираното решение ќе добијат нов T-Tablet 2 и T-Phone 3.
Задачата да го одберат победничкото решение им припадна на тројцата членови на жири-комисијата: Јовица Рафајловски (Art Director во Saatchi & Saatchi Skopje), Сузана Штерјова (Marketing Communications and Media Expert, Телеком) и Андреј Павловски (амбасадор на Golden Drum).

„Искрено сме пријатно изненадени од бројот на автори кои пријавија свое решение за натпреварот, но и од квалитетот на испратените решенија. Не беше лесно да се одбере победник, бидејќи секое решение се истакнуваше на свој начин и имаше свој посебен карактер. Ова ни причинува голема радост и ни дава надеж дека овие млади креативци еден ден ќе бидат на сцената на Golden Drum како победници и во главната натпреварувачка програма. Во името на Голден Драм и Телеком, би им честитал на наградените, а на Ведран Шурбановски би сакал да му посакам среќен пат и се надевам дека ова искуство ќе му биде мотив за и понатаму да продолжи да плива во креативните води“, изјави Андреј Павловски, амбасадор на Golden Drum за Македонија.
Жирито на овој конкурс би сакало посебно да ја спомене и Бојана Арџелиева, најмладата учесничка, чие визуелно решение се издвојуваше со јасна и силна порака, впечатлива естетика и зрел пристап кон темата. Нејзиниот труд покажа дека креативноста нема години, и дека младите гласови можат да создадат моќни визуелни изрази што оставаат траен впечаток.
За повеќе информации победниците од конкурсот може се обратат на napravimesto@telekom.mk
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





