05 Декември, 2025
0.0728

ФИЧ: Намален кредитниот рејтинг на Хрватска

Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2012 09:45

Добивај вести на Viber

Меѓународната агенција за рејтинг „Fitch“  намали изгледите за состојбата на Хрватска до "негативна" од "стабилна ", а ова го образложи со предлог-буџетот на земјата за 2013 година, во кој се предлага зголемување на државниот долг, што е против нејзините буџетски цели, соопшти „MarketWatch“. Пред само 3 месеци, во септември ФИЧ ги беше зголемил изгледите за рејтингот на оваа држава до "стабилна", повикувајќи се на напредокот и спроведувањето на план за справување со фискалните предизвици. Агенцијата го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на земјата на ниво БББ- кој е само еден степен над неинвестициски статус. Истата е ситуацијата со хрватскиот рејтинг и кај преостанатите 2 големи меѓународни рејтинг агенции „Moody's Investors Service“ и „Standard & Poor's“ - еден степен над неинвестициски статус и со негативна перспектива. Иако имаше позитивни знаци, хрватската економија генерално не успева да се врати на растот од пред почетокот на финансиската криза, која започна во 2008 година. Земјата се соочува со закана од намалување на БДП-то оваа година и анемичен раст на среднорочен план, бидејќи слабоста во Италија и нејзините останати клучни пазари за извоз во Европската унија исто така се соочуваат со проблеми и ги намалуваат шансите за раст на Хрватска.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени