Добивај вести на Viber
Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Хрватска, но во истовреме прогнозира дека рецесијата во оваа земја ќе продолжи.
Рејтингот е намален за едно ниво - на ВВ за долгорочно задолжување во странска валута и ВВ+ во домашна. Она што е уште позагрижувачки за хрватската економија е што агенцијата прогнозира дека земјата ќе има проблеми да го стабилизира нивото на јавен долг.
Оваа година приходите од ДДВ потфрлиле и дефицитот расте, така што неизвесно е дали Хрватска ќе успее да обезбеди плати до крајот на годината, проценува Фич. Хрватска очекуваше дел од буџетската дупка да пополни со приходите од туризмот во летната сезона, но годинава и оваа гранка бележи само минуси.
Добра вест за хрватската економија единствено носи регистрираниот раст на извозот.