Фидановски: Ако не се смени третманот на македонскиот уметник галериите ќе останат празни
Објавено во: Македонија, Интервјуа 25 Декември, 2019 06:50
Кината, театрите, галериите и останатите културни установи не работат поради предупредувачкиот штрајк на работниците од културата. Вчера во националната галерија "Мала станица" се одржа и годишната протестна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија која се поклопи со самиот штрајк. Ликовните уметници сметаат дека се лошо третирани од страна на Министерството за култура. Затоа оваа година нема да бидат доделени ниту наградите на ДЛУМ. Филип Фидановски, претседателот на ДЛУМ во интервју за Фактор ги пренесува барањата на ликовните уметници и зошто е важно да се негува оваа уметност како дел од националниот и културен идентитет.

Фактор: Вашата протестна изложба се случува во исто време како и штрајкот на работниците од културата, има ли поврзаност и што е потребно да се преземе?
Фидановски: Оваа протестна изложба на Друштвото на ликовни уметници е традиционална и ја подготвуваме секоја година но, се поклопи со штрајкот на културните работници иако не беше координирана со самиот штрајк. Впрочем и нашата изложба е против политиката на Министерството за култура и за оние решенија кои ги носи за финансирање во ликовната дејност. Затоа нашиот одговор кон погрешните политики оваа година се овие бели празни ѕидови на Националната галерија и црната лента на која уметниците пишуваат пораки упатени кон министерството.

Фактор: Имате ли конкретни барања што може да се промени во односот на Министерството за култура кон ликовните уметници?
Фидановски: Има многу барања, како прво ликовната уметност да се искачи на повисоко ниво. Трошоците за одржување изложби со секоја година растат, а средствата од триесетина илјади кои ги издвојува министерството воопшто не се доволни. И нормално третманот на ликовниот уметник како самостоен уметник, како уметник кој за своето дело треба да добие награда и надомест, треба да се откупуваат уметнички дела на македонските уметници бидејќи галериите ќе ни останат празни.

Фактор: Недостасува ли поголема медиумска поддршка и покриеност за ликовната уметност, недостасува ли ликовна критика за да се воспостави систем на вредности?
Фидановски: Да, тоа е точно. Треба на сите медиуми и телевизии да има емисии за култура. Бидејќи без тоа не може да ги едуцираме нашите деца за тоа што е уметност, што е култура, за нашите корени и нашиот идентитет. За жал гледаме само политика и дебатни емисии, а другите проблеми ги ставаме настрана.
Х.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





