08 Октомври, 2024
0.3096

Фијат Цаноски: На ден пред Илинден ми го сруши Космос, а денес закажува борба со камења преку Дунав

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Бизнисменот Фијат Цаноски, по неколкуте статуси на Фејсбук на поранешниот премиер Никола Груевски за кратко време, му одговори на бегалецот во Унгарија дека само „закажува фер борба на 100 метри со камења преку Дунав“. Сопственикот на урнатиот „Космос“ се присетува дека на денешен ден му била урната неговата инвестиција. Груевски во моментов се води како политички азилант во Унгарија.

„На ден пред Илинден, со динамит Груевски објави диктатура. Можеби понесен од револуционерни побуди или пак од себични нагони на самоуништување - сеедно. На денешен ден пред 8 години се правеше маж, динамитен десничарски демократ. Денес е маж кој ја напушти земјата која ја опустоши. Денес закажува фер борба само на 100 метри со камења - преку Дунав. Користењето на emoji во толкав обем говори само за еден нарцисоиден плачко кој не е подготвен да се соочи со резултатите од своите не/дела.“, напиша Цаноски на својот профил на Фејсбук.

Додаде дека „Космос“ повторно ќе биде изграден, а за Груевски порача дека е „трагедија од човек чие дело не треба да се заборави во историјата“.

- Да не се заборави. Не само уништувањето на Космос туку и уништувањето на мојата земја, чиишто вредности ги обезвредни до степен на болест. 
Добро е што Космос повторно ќе блесне во сјајот кој му е предодреден. И повторно ќе биде нова општествена додадена вредност. Северна Македонија ќе оди напред. Но, да не се заборави историјата на нашава напатена земја и трагедијата од човек наречен Никола Груевски, за никогаш да не се повтори. Да одиме напред, да е честит Илинден и да живее Северна Македонија!, додава Цаноски.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл