28 Септември, 2024
0.0260

ФИЛЕ: Сите се уморни ама проширување на ЕУ треба да има!

Објавено во: Анализа 27 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидатки се уморни од бавниот и долготраен процес на проширување на заедницата. Ова во интервју за EurActiv Czech Republic го изјави комесарот за проширување Штефан Филе. "Пред сè проширувањето со Романија донесе многу прашања за сигурноста на целиот процес, бидејќи ова е прв пат, во кој ЕУ одлучи да формира посебен механизам за соработка и проверка. Најголемиот предизвик е да се врати изгубената доверба во процесот на проширување. Ова не принудува да ги прошириме и затегнеме показателите. Кандидатките треба да докажат дека усвоената легислатива работи ", коментира Филе. Според зборовите на Филе во моментов земјите-членки на ЕУ имаат разновиден инструментариум да го забават процесот на проширување и дури да го сопрат, како и повеќе можности за следење на квалитативните показатели на земјите-кандидатки за членство. Уште еден чекор напред е економската интеграција на земјите кандидати. "Подготвивме нешто слично на Европскиот семестар. Ние се фокусираме на растот и вработувањето само откако државата се приклучи на ЕУ. Сега им помагаме на земјите-кандидатки да спроведат структурни реформи, кои ќе ги доближат до ЕУ ", коментира Филе во интервјуто, наведува дека" проширувањето е процес на реална промена и трансформација ". Во Европскиот семестар Европската комисија ги анализира фискалните политики и политиките за остварување на структурните реформи на секоја земја-членка, а потоа дава препораки. Тие раѓаат одредени обврски, појаснува Филе и додава дека има механизам и за санкции. "Ако земјата одбие да ги спроведе реформите во одредена област, можеме да пренасочени значително количество на пари во друга држава, подготвена да го направи", вели тој. "Тоа се базира на претпоставката дека земјата сака да стане член на ЕУ и е подготвена да работи на тоа", вели уште комесарот. Во интервјуто Филе ја коментира и ситуацијата во Украина. Според него ЕУ не е може да направи многу. "Се започна со едностраните чекори преземени од Русија, која цели да потисне суверено решение на Украина за односите со ЕУ и Русија. После дојде и пропагандата на Кремљ, а севкупниот развој на настаните беше претставен како фашистички пресврт ", посочува еврокомесарот. Според него постојат критичари, според кои Брисел предизвикал премногу очекувања кај Украинците, кои не биле исполнети. Филе сепак негира дека ЕУ разговара за членството на Украина и нагласува дека дури прорускиот претседател Виктор Јанукович, кој ја напушти земјата во февруари, размислувал европската перспектива на Киев. Штефан Филе подвлекува дека има место за дијалог со Русија за влијанието на Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. "Ние секогаш сме биле подготвени да ги спроведеме овие разговори. На почетокот на минатата година Европската комисија одржа заедничка седница со руската влада во Москва. Ние јаа објаснивме филозофијата на Источното партнерство, на договорот за асоцијација и неговото влијание врз царинска унија, како и нашата перспектива за идните односи меѓу ЕУ и Евроазискиот сојуз, кој е во изградба. Ние и предложивме на Русија понатамошни дискусии за овие прашања, но премиерот Медведев не реагира воопшто ", вели Филе. Тој потсетува дека претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпуј предложи да биде формирана специјална билатерална работна група која ќе се фокусира на руските стравувања за наводните негативни влијанија од договорот за асоцијација на Украина на руската економија. "Имаме многу факти и аргументи кои покажуваат дека овие стравувања се неосновани", заклучува тој. K.K.